verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Германските пратеници разговараат за Македонија

on 6 - 03 - 2015       

httpkanal5.com_.mk_vesti_detailasp_ID63176-crop-resize

 

На гледачите им е понудена многу штура информација од седницата на Комисијата за надворешни рботи на германскиот Бундестаг (4 март 2015 година), која зад затворени врати расправаше за актулeните случувања во Македонија. А, тоа што седницата била затворена, се користи само како опрaвдување за јавноста површно да се информира дека во Бунестагот имало дебата за политичката криза во земјава. Иако од Берлин била испратена прилично експлицитна порака, која, сепак, преку други медиуми, одекна во македонската јавност:

„Интеграцијата на земјата во ЕУ и во НАТО е загрозена поради авторитарниот курс на Владата.“

http___kanal5.com.mk_vesti_detail.asp_ID=63176Линк до оригиналниот напис: Германските пратеници разговараат за Македонија

Датум и време на објавување: 04.03.2015, 18:22

Датум на рецензирање: 05.03.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

„НЕСЛУШНАТИ“ ПОРАКИ

Овој кус материјал од само неколку реченици, изгледа како воопшто и да немал намера да ги пренесе важните пораки од заседанието на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот. Имено, иако во прилогот има и јавување на дописникот на државната информативна агенција, за жал,  тоа што тој го кажува прозвучува некако празно. Гледачите само разбраа дека  дописникот  од разговорот со еден од пратениците кој присуствувал на сесијата, дознал дека се „зборувало за политичката криза и можностите таа криза да влијае на македонската евроинтеграција“. И толку. Не се соопштува ништо повеќе. Притоа, не се кажува дури ни за кој пратеник се работи.

Сепак, некои медиуми успеале (и тоа неколку часа пред објавувањето на написот што е предмет на оваа рецензија) да разберат во каква амтосфера се водела дебатата и да пренесат дел од поентите.

Така, објавени се оценките на пратеникот на владејачката конзервативна ЦДУ во германскиот Бундестаг, Клаус Бремих.

„Според она што го гледам и според презентираните извештаи, политичката состојба во Македонија станува сè понепрегледна и растечки нестабилна. Актуелниот развој, како што се конфликтите меѓу владата и опозицијата, проблематичните меѓуетнички односи меѓу Македонците и Албанците, намалувањето на слободата на печатот, даваат причина за голема загриженост. Притоа, кај нас постојано доаѓаат извештаи за силно корумпирани структури. Овие сознанија беа презентирани и на денешната седница на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот .“(Клаус Бремих)

На прашањето дали според пратеникот е загрозена и ЕУ-перспективата на земјава или ваквиот развој е последица на закочените процеси поради грчкото вето, Бремих вели:

„Како што реков и претходно, авторитарниот курс на Владата ја загрозува интеграцијата на земјата во ЕУ и во НАТО. ЕУ-извештаите за напредокот на Македонија во моментот не констатираат зрелост за пристап. Внатрешно-политичките реформи и враќањето кон процесот на демократизација се највисок приоритет за земјата…“

Истиот ден, пак, друг медиум  информираше дека заедничко мислење на пратениците што учествувале на расправата во Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, било дека „Македонија е на раб на катастрофа, бидејќи во неа не функционира правната држава, не функционираат институциите и Собранието, има социјална несигурност, а секој четврти Македонец си заминал од земјата“.  Притоа, се пренесува и оцената на известувачот за Западниот Балкан, пратеникот Јосип Јуратовиќ, кој учествувал во расправата дека „повикувањето на странските служби како одговорни за прислушувањето се евтини изговори“.

Меѓутоа, материјалот што го рецензираме не информира за согледувањето на известувачот за Западен Балкан, ниту, пак, за загриженоста за македонските политички прилики во ЦДУ (партијата на  канцеларката Ангела Меркел, која припаѓа на семејството на европски десничарски политички сили и важи за сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ). А, зошто тоа го прави, не е тешко да се претпостави.

Но, затоа овој осакатен извештај ги пренесува импресиите на дописникот на МИА, кој заклучува:

„Дефинитивно Македонија станува дел од германскиот интерес, особено во контекст на можностите можеби во декември можеби понатаму да започнат преговорите за членство во Европската Унија.“

Ваквиот  заклучок, кој, патем, нема никаква поткрепа во прилогот, дополнително го засилува впечатокот дека на публиката ѝ е подметнат необјективен производ, скаран со принципите на етички исправното новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести