Рецензија: Газдите на „Нетпрес“ загубени на релација САД-Кипар, „Република“ на Кариби
Објавено во Рецензии
on 11 - 02 - 2014 Автор: Југослава ДуковскаИстражувањето, дел од заедничкиот труд на тројца новинари за сопственоста на интернет порталите во Република Македонија, претставува атрактивно четиво. Иако е во прашање првиот дел од истражувањето, написот „врие“ од податоци за поврзаноста на имиња на политички личности и личности од бизнис заедницата, со фирми, сопственички удели во некои од интернет-медиумите, радикално критички настроени кон опозицијата. Богато илустриран, поткрепен со графички прикази за полесно согледување на комплицираните политичко-бизнис-медиумски релации, за кои станува збор, написот претставува добар пример на истражувачкото новинарство. Се разбира, комплетна слика за целото истражување ќе се добие дури со објавувањето на останатите делови.
Линк до оригиналниот напис: Газдите на „Нетпрес“ загубени на релација САД-Кипар, „Република“ на Кариби
Датум и време на објавување: 4.02.2014, 13:33
Датум на рецензирање: 10.02.2014
Рецензент: Југослава Дуковска
Вистинитост: Со оглед на тоа што патот до податоците до кои дошле авторите на написот е детално опишан, проверлив за најголем дел од презентираните факти, може да се потврди веродостојноста на наводите.
Извори на информации: Користени се официјални извори – податоци на ООН, на Народна банка на РМ, Централниот Регистар. Дел од податоците се сметаат за јавно познати, иако за нив не се наведени извори – дека едниот од бизнисмените за кои станува збор, е кумашин на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески или дека бизнисменот Орце Камчев важи за близок на Директорот на УБК, Мијалков, кој, пак, е братучед на премиерот Никола Груевски.
Содржајност: Се работи за дел од истражување на тема „Сопственоста на интернет медиумите во Македонија“, кое заеднички го реализирале тројца новинари, поддржано од Европската унија во рамки на проектот „Медиумска обсерваторија на Југоисточна Европа“.
Пристрасност: Впечаток е дека нема извртување на вистината, туку дека се објавени факти до кои е дојдено преку истражувањето. Притоа, претставен е, за секој факт поединечно, патот по којшто до него е дојдено.
Коментирање: Дел од објавените факти се искоментирани.
Квалитет на насловот: Донекаде нејасен, помалку ироничен и не многу креативен, насловот не е најјаката страна на написот.
Фотографија: Фотографиите немаат наведено авторство, со исклучок на двете графички илустрации, мапи, со кои се објаснува поврзаноста помеѓу фирмите, нивните сопственици и интернет медиумите. Дел се портрети, а дел илустрации од Белиз.
Заклучок: Истражувачкото новинарство е сериозно запоставена новинарска дисциплина, иако таа претставува најсериозен ангажман, своевиден врв во новинарската професија, а истражувачките стории, секаде во светот, се вистински шампиони на читаноста, на јавниот фокус, па и најнаградувана категорија. Во македонскиот медиумски простор, истражувачкото новинарство со години замира, а скромната продукција речиси секогаш е, всушност, реализација на проекти, финансирани од надвор од матичните медиуми, каде што работат новинарите-истражувачи. Но, затоа, пак, медиумскиот простор станува преплавен со тривијалности, написи преполни со тврдења непоткрепени со факти, а текстовите често се единствено мотивирани од потребата за пренесување порака или дисквалификување на политичкиот противник на личностите или политичките опции кои се директни или индиректни нарачатели на таквите текстови.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
соодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
селективно наведен автор (извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови