verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ГАЛЕРИЈА Николина Пишек предизвика хаос во Загреб

on 9 - 10 - 2013       

ГАЛЕРИЈА-Николина-Пишек-предизвика-хаос-во-Загреб crop resize

Текст без поента и значење. Веста ја опишува во неколку зборови прошетката на хрватската водителка Николина Пишек низ Загреб со опис на нејзината облека. Кога ја отворате веста, насловена со “Галерија”, се надевате барем дека ќе видите повеќе фотографии на водителката. Но, таа надеж е изјаловена, бидејќи може да се види само една фотографија која не открива ништо друго освен облеката на Пишек. Целиот текст има вкупно четири реченици!

ГАЛЕРИЈА Николина Пишек предизвика хаос во Загреб - 2013-10-07_17.01.16Линк до оригиналниот напис: ГАЛЕРИЈА Николина Пишек предизвика хаос во Загреб

Датум и време на објавување: 06.10.2013 во 10.37

Датум на рецензирање: 07.10.2013

Рецензент: Светлана Јовановска

Вистинитост: Текстот се базира врз фактите на објавената фотографија и ја опишува гардеробата на водителката, мини здолништето, чорапите, очилата…. и тоа дека водителката, омажена пред еден месец, разговара на телефон.  Љубопитните читатели ќе останат без информација со кого таа разговара, воопшто зошто таа е предмет на овој текст и која е целта на написот. Една реченица во текстот вели дека таа предизвикала големо внимание при прошетката во Загреб и на читателот му останува единствено да верува во овој навод кој со ништо не е докажан.

„Хрватската водителка Николина Пишек која пред еден месец се омажи за српскиот историчар на уметноста Видоје Ристовиќ во Монте Карло, прошетала викендов по Цветниот плоштад во Загреб, а со својот стајлинг предизвикала големо внимание! Таа се појавила во секси издание, облечена во мини здолниште, елек од крзно, чорапи до колена, а сето тоа го зачинила со чевли со високи потпетици.
Бујната коса ја заштитила со огромен чадор, но затоа не ги заборавила очилата за сонце. Николина низ Загреб прошетала без сопругот Видоје, зборувајќи цело време на телефон.“

Содржајност: Веста не само што не е сеопфатна, туку може да се нарече исклучително празна и сиромашна.

КоментирањеНема елементи на коментирање освен, можеби, наводот дека Пишек „со својот стајлинг предзивикала големо внимание!“ Во текстот се истакнува дека сите очи при прошетката биле свртени кон водителката но тоа со ништо не се докажува.

Квалитет на насловот: Насловот нема посебно значење освен, со доза сензационализам, да го натера читателот на ја отвори веста. Тој без сомение е разочаран, бидејќи ќе констатира дека “хаосот” од насловот од појавувањето на Пишек е непостоечки.

ФотографијаФотографија е исто така разочарувачка за љубопитниот читател кој се интересира за вестите за познатите лица. Текстот има една фотографија, иако насловот најавува “галерија”. Станува збор за една фотографија која е покажана два пати: еднаш се покажува целата фигура на водителката и еднаш нејзиниот портрет кој е само зум на истата фотографија. Не е наведен авторот на фотографијата.

Заклучок: Текстот е сосема празен и не ги исполнува основните новинарски барања.  Тој наликува на “кафански муабет”.  Нема никакви факти, туку само опис на облеката на водителката.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

не е апликативно

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

само преку линк до оригиналот

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести