verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Галерија – двојно убиство во Охрид во Хотел Император

on 1 - 09 - 2014       

ГАЛЕРИЈА – ДВОЈНО УБИСТВО ВО ОХРИД ВО ХОТЕЛ ИМПЕРАТОР Ohridsky-crop-resize

Предмет на оваа рецензија е кратка вест, која, вклучувајќи го и насловот, е објавена во 10 реда. Но, на толку мал простор има толку грешки кои неопходно е да бидат потенцирани. Првенствено правописни грешки, кои толку паѓаат во очи што секој читател би бил во дилема дали чита вест објавена на медиум, од новинар или станува збор за нечиј статус преземен од Фејсбук во кој не се внимавало на јазичните и технички грешки.

Факт е дека лекторите за најголем дел од медиумите се мислена именка, иако се задолжителни, но вакви грешки не би можело да му се простат на било кого, кој пишува или објавува содржини во јавност. Употребата на наводници, на сврзници во реченицата, употреба на мали и големи букви, како и зборови од типот на „доВаѓањето“ се само дел од правописните грешки. Затоа, целата содржина изгледа како нафрлени зборови или диктат со многу грешки, кои морале да бидат отстранети пред јавното објавување.

ГАЛЕРИЈА – ДВОЈНО УБИСТВО ВО ОХРИД ВО ХОТЕЛ ИМПЕРАТОР OhridskyЛинк до оригиналниот напис: Галерија – двојно убиство во Охрид во Хотел Император

Датум и време на објавување: 21.08.2014

Датум на рецензирање: 29.08.2014

Рецензент: Саше Димовски

Во делот, пак, на содржајноста, изворите на информации, пристрасноста и вистинитоста, треба да се укаже на сериозни грешки кои се направени со објавувањето на оваа вест. Новинарот, или медиумот, дава квалификации дека „сторител на овој гнасен чин“ е извесно лице наведено со име и презиме. Основна задача на новинарот е да известува непристрасно, без да дава квалификации за луѓето или настаните за кои пишува. Со споменувањето на името и презимето на извесно лице се нарушува презумпцијата на невиност, а за ваквото тврдење не се посочуваат други релевантни информации кои би го поткрепиле таквото тврдење. Од начинот на пласирање на информацијата се добива впечаток дека новинарот бил на лице место и јавил што видел, но никаде нема огради во текстот кои ќе значат дека станува збор за првична информација за која нема потврда дали е точна.

Не се повикува на извори на информации, кои би имале релевантност за пласирањето на информацијата кој е сторител. Во конкретниов случај, авторот, доколку бил на лице место, требало да собере информации за настанот од типот на тоа: кој посочува дека лицето со име и презиме е убиец (очевидци кои го препознале, виделе или го знаат), како дошол до местото на убиството или како заминал, дали бил сам или имало и други лица, евентуалниот повод или мотив. Вака пласираната информација, независно што подоцна и полицијата го потврди идентитетот на лицето осомничено за убиството, е премногу штура, не ги содржи основните елементи и не дава ги дава неопходните информации според новинарските постулати.

На прв поглед, веста личи на муабет раскажан на улица, пренесен во таква форма и со содржина која не ги задоволува критериумите на минимум содржајност или сеопфатност.

Посебно загрижува тоа што веста, пласирана во ваква форма, до денеска не е отстранета од порталот, ниту дополнета или изменета. Вакви грешки, од типот на печатни, јазични, структура на реченица, недоволна содржајност, не би можеле да се оправдаат ниту во „првите 5 минути“ од објавувањето, а не таа да остане во таква форма, недополнета или изменета.

Дополнително, ваквиот начин на пласирање информации на портали го отвора прашањето за тоа дали секоја објава на интернет е новинарски производ, независно што е пласирана на портал, кој себеси се декларира и како информативен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Една мисла во “Рецензија: Галерија – двојно убиство во Охрид во Хотел Император

  1. Неколку пати коментирав на постови од овој портал за неговите правописни грешки, а потоа ми вратија дрско и безобразно : „Да не сакаш лектор да те вработиме ??“ Навистина иритира јавен медиум кој не ги почитува основните правописни правила

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести