Рецензија: Француското МНР ја најави средбата меѓу Фабиус и Попоски во Париз
Објавено во Рецензии
on 27 - 11 - 2013 Автор: Југослава ДуковскаАгенциската вест на МИА за најавената средба на македонскиот министер за внатрешни работи, Никола Поповски, со неговиот француски колега овде е пренесена воглавно, задоволувајќи ги потребните професионални стандарди. Но, притоа се направени и грешки. Првата, која паѓа в очи, бидејќи е во воведната, ударна реченица на веста, е дека како портпарол на француското МНР е наведен Кеј д‘Орсеј, што, всушност, ја претставува локацијата во Париз на која е сместена оваа институција. Кеј д‘Орсеј е метоним за ова француско министерство, исто како што името Пентагон, односно седиштето на Министерството за одбрана на САД често се користи за да го замени полниот назив на таа институција. Притоа, од увидот во оригиналната вест на МИА за овој настан, може да се утврди дека државната информативна агенција исправно го користи овој метоним, за разлика од оваа вест.
Втората грешка е употребата на името Брдо, за локацијата Брдо кај Крањ во Словенија, каде што неодамна имаше регионален самит на министрите на земјите членки на ЕУ. И во оригиналната и во пренесената вест се зборува за самитот „од Брдо“ или „во Брдо“, без притоа да се наведе дека се работи за локацијата пошироко позната како Брдо кај Крањ, на која се наоѓа дворецот Брдо и конгресниот центар. Иако, на прв поглед, употребата на скусеното име би можела да се оправда како метоним, вообичаено важните средби и самити во медиумите, сепак, се именуваат според географската локација, што во овој случај има логика веќе и поради фактот што во Словенија има најмалку три географски локации со име Брдо (освен Брдо кај Крањ постојат и Брдо кај Шентјур и Брдо кај Нова Горица), па дистинкцијата според близината на поголемо населено место или општина изгледа логична.
Линк до оригиналниот напис: Француското МНР ја најави средбата меѓу Фабиус и Поповски во Париз
Датум и време на објавување: 23.11.2013, 15:49
Датум на рецензирање: 26.11.2013
Рецензент: Југослава Дуковска
Вистинитост: Информацијата се темели на факти и не се доведува во прашање кредибилноста на наводите, со исклучок на погрешното тврдење дека за средбата на македонскиот и на францускиот министер, агенцијата МИА ја информирал портпаролот на министерството, “Quai d’Orsay”
Содржајност: Задоволено е потребното ниво на сеопфатност.
Оригиналност/Плагијат: Информацијата преработена вест од МИА.
Квалитет на насловот: Насловот, иако е јасен и експликативен, сепак е предолг и оптоварен со непотребен детал – дека средбата ја најавило француското МНР.
Заклучок: Пренесувањето на агенциски вести е релативно лесна задача за секој медиум – веста веќе е проследена, информацијата подготвена и потребно е само таа внимателно да се исчита, евентуално да се скрати или сублимира и – готова е за пласирање. Сепак, и за оваа, како и за секоја друга работа, треба да се има не само основни познавања од проблематиката што се обработува, туку и одредено ниво на знаење најчесто наречено „општа култура“. Поимот „општа култура“, впрочем, и самиот зборува дека се работи за квантум на знаење што го поседува поширок слој на јавноста, односно голем дел од публиката на која медиумите ѝ се обраќаат, па, поради тоа банални грешки од типот „господинот Ке д’Орсеј“ неминовно ќе влијаат врз нивниот углед.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија (агенциска вест)
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови