verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Запознајте го најцрното бебе или, уште поверојатно, запознајте се со обична измама

on 18 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: ФОТО: Запознајте го најцрното бебе во светот]

 

Ова е текст за кој не се знае дали ја објавува вистината или не. Сепак, кога се преминува границата на добро однесување и вкус во новинарството, мора да се реагира зашто ова не е само текст на кој тешко може да му се верува, туку е и напис кој навлегува во зоната на расизмот, а тоа го потврдуваат и коментарите на мрежата „Редит“. Секако дека новинарите можат и треба да се занимаваат и со занимливости, но никако тоа не смее да премине во бизарност. Најголемиот проблем, пак, во овој текст е што од нечија боја на кожа се прави вест.

crno bebeЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Запознајте го најцрното бебе во светот

Датум и време на објавување: 15.06.2015, 1:43

Датум на рецензирање: 17.06.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Во овој текст, кој има само две реченици, се тврди нешто без критички да се осврне на веста, која е преземена од странски медиум. Притоа, не е наведено од кој медиум е земена. Во втората реченица, пак, се вели дека ескперти тврдат дека ова е најцрно бебе на светот. Кои ескперти? Е, одговор на ова прашање нема. Инаку, низ светските медиуми кои анализираат дали оваа вест е точна и вистинска има различни толкувања. Новинарот морал да консултира различни мислења за да го оправда постоењето на овој напис.

Со брзо истражување на оваа тема, може да се заклучи дека фотографијата нема потекло и никој не ја потврдува веста. Исто така, може да се забележи дека овој напис го нема во мејнстрим-медиумите, туку само на некои блог-портали или веб-страници на кои корисниците сами си ги уредуваат вестите. Исто така, Гинисовата книга на рекорди ја нема оваа информација во нејзината интернет-база на податоци.

Во поголемиот дел од насловите низ медиумите се вели дека бебето е родено неодамна, а има и фотографија кога детето е поголемо. Се поставува прашањето како можело да порасне толку бргу. Особено сомнителен е фактот што на детето не му се гледаат белките во очите. Без оглед колку нечија кожа е црна, белките во очите мора да бидат бели и тие би требало кај некого со изразито црна кожа да бидат уште повоочливи. Но, спротивно на тоа, нив овде воопшто ги нема, туку очите на детето се во целост црни, што не изгледа реално.

Како и да е, на овој текст тешко може да му се верува. А, тоа е основно правило на новинарстовото – да се провери информацијата. Поради тоа што нема никаква потврда, „Сервис за проверка на фактите во медиуите“ провери низ медиумите во светот и заклучи дека никој не може со сигруност да потврди дека оваа фотографија е вистинска и да се гарантира нејзината автентичност. Затоа, кога медиумите преземаат ваква вест, мора да бидат претпазливи. Ако веќе решиле да ја имаат, морале барем малку критички да се осврнат на веста како што тоа го направиле некои нивни колеги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести