verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: : ФОТО: Стајлингот на оваа мајка ги собра сите погледи во скопската Зоолошка

on 22 - 10 - 2014       

ФОТО_-Стајлингот-на-оваа-мајка-ги-собра_-http___www.kurir_.mk_magazin_zanimliv-crop-resize

Фото-веста што ја рецензираме морализира  и грубо се исмејува со една млада жена, затоа што се „дрзнала“ да ги прошета своите деца во скопската Зоолошка градина без соодветен дрес-код!

ФОТО_ Стајлингот на оваа мајка ги собра_ - http___www.kurir.mk_magazin_zanimlivЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Стајлингот на оваа мајка ги собра сите погледи во скопската Зоолошка

Датум и време на објавување: 18.10.2014, 13:46

Датум на рецензирање: 20.10.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

СОСЕМА НЕПОТРЕБНА ВЕСТ

Беспредметно е да се анализира вистинитоста, изворите на информации и содржајноста на овој материјал, за кој е нејасно зошто заслужува да биде објавен како вест?

Основната функција на веста е да информира. Во оваа новинарска лекција на „Сервис за проверка на факти од медиумите“ (СПФМ) е наведено дека за да може информацијата да се „квалификува“ да стане вест таа треба:

„да содржи новост, да има влијание врз луѓето (импакт што може да се одбрани и да се измери – колку повеќе луѓе се засегнати од веста, толку таа повеќе вреди), да се однесува на настан или на состојба која е што поблиску до нас (блискост), да се однесува на познати луѓе (проминенција), да се однесува на некоја конфликтна ситуација и да биде атрактивна, а тоа значи необична и несекојдневна. Вестите коишто во висок степен задоволуваат еден или повеќе од овие критериуми, стануваат вести на денот, вести за насловните страници и за најавите на телевизиите.“

Така што, во конкретниот случај, прашањето е кого воопшто го интересира како се облекла оваа девојка – непозната за пошироката јавност, а на која ѝ се нарушува приватноста?

 

ПОЛОВИ СТЕРЕОТИПИ

Истата вест можеше да се прочита  во повеќе медиуми, најверојатно  преземена од веб-страница со забавен карактер. Фактички, објавени и искоментирани се фотографии од анонимна личност, сликана од грб, која најверјатно и не знае дека е фотографирана.

Трите реченици од кои се состои оваа куса вест имаат навредлив тон,  при што паѓа в очи дискриминирачкиот пристап врз основа на полови стереотипи. Омаловажувачкиот говор се забележува уште во насловот каде е видлива намерата да се дискредитира девојката само затоа што некој сметал дека е лошо облечена.

Вакиот пристап се коси со принципите на етички исправното новинарство, кое подразбира дека новинарот не смее да навредува или исмејува и да потикнува диксриминација врз каква било основа.

Иако написот е пласиран во рубриката „Магазин“, каде се објавуваат полефтерни содржини, сепак, тоа никако не значи дека може да се помине границата на добриот вкус и во еден типичен малограѓански манир, најбезобѕирно да се навредува и да се изложува на потсмев личноста која е фотографирана.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

ирелевантно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести