verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Со автомобилот се забил во дрво – ова момче загина во тешка сообраќајка

on 23 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

22-22-09876-0987-009980-crop-resize-covered

 

Некомплетна вест во која недостигаат неколку клучни елементи за добивање целосна слика за настанот. На публиката ѝ е пласирана „осакатена“ содржина, зачинета со несоодветен и со сензационалистички наслов. Пример за лош „копи-пејст“, намачкан со таблоидско жолтило.

2Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Со автомобилот се забил во дрво – ова момче загина во тешка сообраќајка

Датум и време на објавување: 19.01.2015, 10:14

Датум на рецензирање: 22.01.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ТРКАТА ПО „КЛИКОВИ“ ЈА УБИ ИНФОРМАЦИЈАТА

Имаме случај на дилетантско и некоректно преземање вест со трагичен епилог, која речиси е обезглавена поради отсуството на клучни информации. Прво е дека недостига „каде“, потоа нема „кога“, исто така не се забележува и „зошто“. Точно е дека има „кој“, ама и тука работата не е докрај јасна. Поточно, овде станува збор за преземена вест, без да се каже од каде, објавена под наслов од кој произлегува дека сообраќајката се случила во земјава, а не во Србија. Недозволиво!!! Зошто е тоа направено? – Претпоставувам само поради што е можно повеќе кликнувања. И тоа е недозволиво. Не може економскиот интерес да предничи пред основните професионални, а би дополнил и етички принципи, на кои треба да се темели секој новинарски производ.

Вистинитата приказна е дека несреќата се случила на пат во Србија, дека автомобилот со тројца патници излетал на еден свиок од патот кон Ивањица и дека загинало момчето кое управувало со автомобилот. Во преземениот текст сè е некако испревртено наопаку, освен смртта со „летање низ шофершајбната“, поради што и не може целосно да се пофаќаат конците на приказната. Плус, на написот му е накалемен наслов кој е апсолутно несоодветен бидејќи јасно упатува само на сензационалистичката компонента. Не знам која е потребата да се каже „Ова момче загина во тешка сообраќајка“ , како да е некој овдешен, тукашен човек, кој би го знаела публиката на која ѝ е наменето четивото. Всушност, тука и е „мамката“ за читателите – поведени од насловот да кликнат за потоа само да прочитаат дека е трагичен инцидент во соседството, а не во земјава. Секако, од новинарска гледна точка, не можам да прифатам буквално покажување со прст во стилот „еве кој загина“ за жртва на сообраќајка.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми – вели членот 8 од Кодексот на новинари.

Некомплетен, сензационалистички пристап, со селективност во пласирањето на информацијата по принципот „копи-пејст“ не се одлики на коректен новинарски материјал.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

не

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести