Што е чудно на фотографијата на Борис Трајковски и на Владимир Путин? Ништо!
Објавено во Рецензии
on 15 - 04 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: ФОТО: Што е чудно на фотографијата на Борис Трајковски и Владимир Путин?]
Кога ќе се прочита ваков текст, во првиот момент останувате занемени затоа што не знаете како да реагирате. Дека е глупост, се гледа од авион, башка што нема посоодветен збор за ваков текст. Ако тргнеме, пак, да го рецензираме според методологијата на „Сервис за проверка на факти“, повторно ќе се фатиме во стапица. Овој текст е надвор од сите стандарди и не може да се рецензира според зададената методологија. Од ова може да се заклучи само дека ова, кое не може да се нарече текст, не смеело да се објави во медиум.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Што е чудно на фотографијата на Борис Трајковски и Владимир Путин?
Датум и време на објавување: 10.04.2015, 11:59
Датум на рецензирање: 14.04.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
КАКОВ УМ ГО СМИСЛИЛ ТЕКСТОТ?
Текстот има една фотографија на која случајно се фатени двајца претседатели со речиси идентична поза на рацете. И од оваа фотографија се развила конспирациска теорија која оди накај морбидност. За написот да биде дури и одвратен, се погрижила тезата „ете, што ги снајде двајцата претседатели“. Демек, едниот загина, ама другиот помина полесно и само се развел.
Каков ум може да го смисли ова, засега е непознато.
Медиумите не служат само за зголемување на читаноста. Тоа сакало да се постигне со овој текст, а се гледа од насловот кој, наводно, треба да заинтригира за да се кликне на линкот и да се отвори. Поради тоа може да се заклучи дека ова е сè, само не новинарство. Дали заборавивме дека новинарот треба да информира, и тоа вистинито, објективно, реално, содржајно? Дали тоа го има во овој текст? Не!
Дури ниту да е првоаприлска шега, нема да може да го испере овој срам. Можеби и текстот е пуштен само за да се дефокусира јавноста од битни политички работи, но тоа не е оправдување.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
извртување на вистина (спин)
лажни информации
Не може да се утврди
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови