verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Фото: Позната Србинка нуди секс за 150 евра

on 31 - 07 - 2014       

ojmeee-09876-098-crop-resize

Фотографии преземени од српски веб-страници за ескорт-услуги се користат за создавање медиумски производ кој на ниеден начин не ги исполнува стандардите за „вест-вредност“, како што се информирање, образување или блискост. Така, многу едноставно се губи фокусот од она што медиумот, кој е општествено одговорен и агенда-сетер, може да го користи за да го задоволи јавниот интерес и да стане важен општествен чинител. Од новинарски аспект не можеме да видиме ниту една причина зошто овие фотографии и текст заслужуваат да се најдат во агендата на медиумот, освен сензационализмот.

Една од карактеристиките на медиумите е и да промовираат вредности, да отвораат прашања од јавен интерес (меѓу кои и сексуалната работа, на начин кој ќе продре подлабоко  во условите, проблемите, различните перспективи), а не само да го сервираат она за што сметаат дека на поголемиот дел од публиката ќе ѝ биде интересно за читање. Повторно, она што е интересно за читање не значи и дека е од јавен интерес.

ojmeeeЛинк до оригиналниот напис: Фото: Позната Србинка нуди секс за 150 евра

Датум и време на објавување: 24.07.2014

Датум на рецензирање: 28.07.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Точно е дека информацијата за „познатата Сара“, како што се нарекува во напишаното, се појавува на неколку српски медиуми. Со реплицирањето на објавите за сексуалната работа, кои не се доволно обработени (при што медиумот не покажува став во однос на тоа прашање), се отвораат и прашањата со која цел тоа се прави и каква порака се остава на оние на кои текстот им се обраќа. Освен мотивите и тоа дали содржински е оправдан, во текстот не се покажува ниту дека изнесените информации се точни. Со други зборови, не може да се тврди со сигурност дека фотографиите се веродостојни со оглед на тоа што на нив има само разголено женско тело без лик. Тоа не ја исклучува можноста дека некој можеби злоупотребил нечии фотографии. Со ваквиот пристап, во простор кој со новинарскиот кодекс треба да служи за информирање и новинарство, всушност се објавува реклама.  Членот 6 од Кодексот налага:

Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.

Како извор на информацијата се користи сајт на кој некој објавил дека девојката нуди сексуална работа. Такви сајтови постојат многу, па оттука се поставува прашањето дали треба оглас за сексуална работа да се препечатува и да се репродуцира и каков бенефит со тоа медиумот создава кај публиката на која ѝ се обраќа.

Несомнено е дека сензационалистичкиот пристап и во насловот и во содржината на изнесеното немаат намера да доведат до подлабока анализа на состојбите со сексуалната работа, ниту да отворат прашање кое ќе биде од јавен интерес. На крајот на краиштата, не е ниту побарана девојката за која се тврди дека нуди сексуална работа на клиенти како што би требало да се направи во текст со поинаква содржина и намера, на пример доколку новинарот сака да дознае повеќе за условите. Напротив, во конкретниот случај на сеирџиски начин и површно му се пристапува на оглас за сексуална работа.

Тој сензационализам се провлекува од насловот до последниот пиксел на кој е објавен текстот, што се забележува од користената интерпункција, до фотографиите. Кога ги пребаравме фотографиите во опцијата за фото-пребарување на Гугл, тие нѐ одведоа на српски страници за ескорт. Оттука, проверено е дека тие се преземени од такви страници, но прашањето е со која цел и од какви побуди тоа се прави? На нив е претставено разголено тело на девојка, која можеби воопшто не ни сакала тие да се појават во контекстот во кој се појавени. Со други зборови, не може со сигурност да се тврди дали тие фотографии се злоупотребени.

Да се пишува за сексуалната работа и да се отвораат прашања  од јавен интерес, несомнено е важно и потребно во нашето општество. Оттука подлабокото анализирање, разговорите со изворите, темелната опсервација на условите за работа и набљудувањето на условите во кои работат сексуалните работници е она што ќе даде поинаков пристап и поинаков светоглед во размислувањата на граѓаните. Во случајот тоа не е направено и е пристапено кон несомнено лесниот и сензационалистички пристап, каде за неколку кликови повеќе се бега од новинарските стандарди за квалитетно четиво.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести