verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Невидена конструкција со спин како нејзин фундамент

on 1 - 06 - 2015       

[Рецензија: ФОТО: Овие грдотии од згради СДСМ ги заштитила, а ниту една не реконструирала]

 

Чудовишен текст. Максимално искривување на реалната ситуација со употреба на „селски итроштини“ како начин за оправдување на желбата на властодршците, како што покажуваат објавените телефонски разговори, да „си прават што сакаат“ во едно од најубавите и сè уште преживеани стари скопски градски јадра на потегот Влада – Градски парк по Илинденска. Ептен сме грешеле ако си мислевме дека сме виделе и сме прочитале сè за „одбраната владина“ по разно-разните телевизии, весници, портали. Овој текст не само што нè уверува во спротивното, туку буквално нè „убива“ со шизофрената теза што ни се нуди.

Firefox_Screenshot_2015-05-31T22-22-41.678ZЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Овие грдотии од згради СДСМ ги заштитила, а ниту една не реконструирала

 Датум и време на објавување: 29.05.2015 21:02

Датум на рецензирање: 31.05.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ОДБРАНАТА ВЛАДИНА“ КАКО „АДВОКАТУРА НА ЃАВОЛОТ“

Треба елементарно непознавање на историјата на пред- и повоено Скопје за да се каже дека објектите презентирани на фотографиите се „грдотии“. Може да кажете риунирани, запустени, оставени на забот на времето, ама грдотии, секако, не. Она што за вас е грдо, за други е убаво, а верувам дека на многумина овие куќи им се сè само не „грдотии“. Нема да навлегуваме во стручна дебата, ама би прашал од каде таа експертиза на тој што го напишал написот, зашто постојат барем десетина познавачи, ама баш познавачи и професори, кои со еден потег би ги демантирале глупостите за „грдотии“. Да не консултирал некои релевентани архитекти, или, пак, имал кредибилни извори за да извлече таков заклучок? Не, такво нешто нема во материјалот. Толку за „стилистичките“ квалификации. Сега малку повеќе за суштината. Значи, се барало по секоја цена какво било оправдување, па макар и исклучително глупаво, како во овој пример, за да се одбрани дебата фатена на прислушуваните разговори, некој ќе каже лепени, сечени, монтирани, меѓу врвот во владата за тоа кои објекти се, не се или, пак, треба да бидат споменици на културата. Ама поентата на муабетот во „тројка“ не е за да се зачува нешто од старото, туку од други причини. Или, како што вели младиот министер со убав прилепски акцент: „Премиерот рекол: Вадете ги, за да не се споменици на култура, за да ние си правиме што сакаме“. Е сега „одбраната владина“, испорачана преку лепезата медиумски мегафони, е дека тие објекти СДСМ ги ставил под заштита како културно наследство, ама ниту еден од нив не реновирал. И добро, во ред, ги заштитиле, ама не ги поправиле, минус за нив. Ова нема каква било врска со тоа дека актуелната власт, според обелоденетите материјали, извршила какви сè не пермутации за да си прави што сака со изгледот на тие згради. Еве го спинот. Грешките на тие што владеат да се камуфлираат преку утките на претходните. За таквиот однос сегашната опозиција си платила политичка цена, а за ваквото постапување на сегашната влада допрва ќе се бара отчет. Не може да се става медиумски знак на равенство за секој преземен политички чекор со прашањето: „А во ваше време…“. Разбирливо е така да функционираат политичките партии, а не и јавните гласила кои претендираат да бидат професионални и кредибилни. Со други зборови, не може и не смее медиум да биде нечиј партиско-политички застапник. „Адвокатурата на ѓаволот“ не е опис на новинарската работа.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот на новинарите.

ДИРИГИРАНО ЧЕТИВО ДИКТИРАНО ВО ДОЦНИ ВЕЧЕРНИ СААТИ

Во овој случај, не само што нема професионална дистанца, туку имаме јасно заземање страна:

„Станува збор за руинирани објекти кои СДСМ ги ставила под заштита на Илинденска. Овие грдотии од згради СДСМ ги заштитила како културно наследство, а ниту една не реконструирала.“

 

„Оваа влада започнува со реконструкција на овие руинирани фасади од кои дел се завршени, а дел ќе се довршат во иднина.“

Пристрасноста, како што видовме, не е единствена маана. Таа само го заокружува впечатокот за неаргументирано, непрофесионално, тенденциозно и очигледно диригирано четиво диктирано во доцни вечерни саати.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести