verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Ново фијаско на СДСМ, едвај шеесетина луѓе на протестот во Штип

on 26 - 11 - 2014       

studenti-stip-crop-resize

 

Овој текст од почеток до крај манипулира со јавноста. Имено, тој за протестите на студентите во Штип тврди дека голем дел од нив биле подружувачи на најголемата опозициска партија СДСМ. Со тоа, всушност, се изместува главната поента на настанот, а тоа е дека студентите протестираа против воведувањето есктерно оценување, кое како проект го најави Владата на Република Македонија. Притоа, во текстот воопшто не е споменато дека ова е втор протест на студентите по оној од 17 ноември во Скопје. Вака само се изместува приказната и се дава погрешна слика за тоа која е вистинската намера и што е веста. Секако дека веста е оти имало протест на студенти кои се против екстерно оценување. А сè ова што е напишано тука е невистинито, неточно, непроверено, несодржајно, манипулира… Затоа и овој текст е денеска тука за рецензија.

studenti stipЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Ново фијаско на СДСМ, едвај шеесетина луѓе на протестот во Штип

Датум и време на објавување: 24.11. 2014, 15:58

Датум на рецензирање: 25.11.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КОНСПИРАЦИСКИ ТЕОРИИ

Уште од почетокот на текстот се забележува дека тој нема намера објективно да ја пренесе веста. Веднаш главната теза ја поставува со бројот на студентите и со нивна класификација на партиско-политичка основа. Целиот текст има цел да изнесува конспирациски теориии на заговор, а во ниту еден момент не може да се каже дека тоа е проверено.

И покрај тоа што студентите јавно, повеќепати се оградија од политиката, текстот сака да наметне лажна слика дека протестите биле организирани од СДСМ.

Вистината е дека овој протест доаѓа како последица на студентскиот марш на 17 ноември во Скопје. Студентите во Штип се организираа на социјалните мрежи, а најавен беше неколку дена пред да се случи. Тезата на текстот дека луѓе од СДСМ ги организирале протестите, не е поткрепена со никаков аргумент, па затоа и може да се декларира дека не невистинита.

Во написот нема никакви извори, па дури ни неофицијални. Целиот е коментаторски, со паушални тврдења.

Во него се тврди дека:

„Само околу шеесетина млади луѓе излегоа на протест во Штип, од кои голем дел поддржувачи на најголемата опозициска партија, СДСМ.“

Тука акцент е ставен на тоа колку студенти протестирале, а не на главната вест зошто протестирале. Притоа не се дава критички осврт за тоа дека се работи за студенти кои се плашат за својата иднина, особено зашто во последно време при секој протест се забележува нивно етикетирање од провладините медиуми. Втора работа е што се сака да се манипулира со поддржувачи на најголемата опозициска партија, СДСМ.

Зошто би било спорно дел од студентите да се подржувачи на СДСМ или на која било партија? Секој човек е и политичко суштество (Аристотел) и со ништо не може да му се оспори тоа право. Но, сосема е друго тоа политичко суштество (студент, пензионер, вработен, невработен) кога се бори за своите права кои ги засега сите од целната група.

Дури кога има студентски протести (како што тоа се случува во западните земји) на нив треба да присуствуваат студенти, дури и членови на партии, и од владејачките партии и од оние во опозиција, а не само поддржувачи. Интересите на студентите се поголеми и повисоки од интересите на партијата.

НЕТОЧНИ ТВРДЕЊА

Во текстот стои дека:

„СДСМ не излезе со свој предлог за државниот испит, туку напротив, најголемата опозициска партија го отфрли во целост и го прогласи за неуспешен проект, внесувајќи забуна дека се работи за екстерно, нешто што по својата природа и карактеристики е сосема различно. СДСМ со ова покажува дека не се грижи за студентите, туку за својот личен партиски интерес.“

СДСМ јавно излезе на прес-конференција во која гласно кажа дека е против есктерно тестирање. Затоа непотребно и неточно е тврдењето дека оваа партија не излегла со свој предлог. Ако една партија е против тестирање на студентите со амин на државата, тогаш нормално е дека нема да изнесе предлог. Секако дека опозициска партија изнесува предлози кои би можела да ги имплементира доколку дојде на власт, но не смее да се меша во предлозите кои би дошле од Универзитетот, кој е независен од сите власти.

Симптоматично е и тоа што во текстот нема ниту една изјава од присутните, па никаде не може да се поткрепи оваа теза:

„Извртувањето на тезите испитот да се прикаже како екстерно тестирање е препознаен од страна на студентите, фијаското кое го доживеа денешниот протест во Штип е јасен показател дека студентите нема да прифатат да бидат изманипулирани за нечии цели.“

Иако нема ниту еден уверлив факт, текстот упорно се труди да го поврзе СДСМ со протестите, а единствено користи стари изјави од лидерот на штипските студенти. Според фотографиите, пак, се гледа дека биле присутни на настанот. Авторот на написот кој тврди дека една политичка партија го организирала или стои зад протестот, морал да се потруди да земе барем една изјава од студентите за да може да се чуе и нивната страна од приказната, особено зашто станува збор за студентски протест каде главен лик се студентите.

Целиот текст е пристрасен и тоа се гледа во речиси секоја реченица.

Фотографиите, пак, се правени од агол каде што се гледа мала присутност, што е уште една манипулација.

Ова е уште ден текст од низата кои деновиве се појавија во јавноста кој има цел да манипулира со јавноста. Уште од почетокот се пласира теза со која се изместува главната вест. Целта и намерата се јасни, пристрасноста ја има речиси во секоја реченица, затоа и може да се заклучи дека ова повеќе личи на политичко-партиски памфлет, отколку на новинарски производ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести