Рецензија: ФОТО: Му го полил со бензин и го запалил – погледнете што остана од луксузниот Мерцедес на овој велешанец
Објавено во Рецензии
on 20 - 11 - 2013 Автор: Саше ДимовскиНавидум „мала“ грешка во насловот, која толку лесно се воочува и не го остава рамнодушен читателот да не ја искоментира. Во неколкуте реченици се нуди информација за запалени луксузни возила во Битола, на битолчани, на улица во Битола, се нудат фотографии на кои се гледаат битолски регистарски таблички, а во насловот пишува дека возилото било на велешанец. Во текстот таков податок не се нуди, па читателот може само да погодува дали авторот брзал и направил грешка во насловот или знае други информации кои не ги навел во текстот.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Му го полил со бензин и го запалил – погледнете што остана од луксузниот Мерцедес на овој велешанец
Датум и време на објавување: 17.11.2013
Датум на рецензирање: 19.11.2013
Рецензент: Саше Димовски
Вистинитост: Според понудените фотографии станува збор за вистинита информација, во која е наведен извор, полиција, од каде што се добиени и иницијалите на сопственици на возилата и улицата на која бил подметнат пожарот.
Извори на информации: Посочен полициски извор, без прецизирање дали станува збор за информација од СВР Битола или МВР на РМ.
Содржајност: Веста нуди основни информации за настанот, без да навлегува во непотребни дополнителни претпоставки за мотивот и за тоа кои се сопственици на опожарените возила.
Квалитет на насловот: Насловот е проблематичниот дел од веста, бидејќи ни нуди информација да видиме што останало од опожареното возило на некој велешанец, за во содржината и преку фотографиите да воочиме дека станува збор за битолчанец!
Фотографија: Користени фотографии од увид кои ја дополнуваат содржината која се нуди како информација, иако токму фотографиите го откриваат лапсусот од насловот, дека возилото е на битолчанец, барем според табличките, а не на велешанец.
Заклучок: По реакција од читатели на социјалните мрежи, редакцијата го корегираше насловот, од каде што исчезна „велешанец“, а на негово место беше напишано „битолчанец“.
Редакцијата не објасни дека врши корекција на насловот што ќе беше еден симпатичен гест кон читателите дека забележале грешка, а по нивна реакција истиот е корегиран. Но, рецензиите, меѓу другото имаат и ваква цел, да укажат на очигледни грешки, кои се сторени од брзање или невнимание, кои доблесно е да се отстранат штом се воочи дека на нив укажале читателите, како што е сторено во овој случај.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
нема лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови