verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

РЕЦЕНЗИЈА: ФОТО: Кој се ги бранеше правата на хомосексуалците

on 19 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

25-0000000-crop-resize

Наместо репортерско известување класично спинување, наместо граѓанска информација политичка калкулација, наместо ФОТО вест ФОТО жигосување. Ете тоа го нуди овој текст.

2Линк до оригиналниот напис:  ФОТО: Кој се ги бранеше правата на хомосексуалците

Датум и време на објавување:  16.11.2013   17:57

Датум на рецензирање: 18.11.2013

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Прашање е колку треба во детали да се навлегува во анализа на присуство или отсуство на професионални новинарски стандарди кога веднаш станува јасно дека намерата воопшто и не била, во овој текст, да се запазуваат критериуми, туку само неаргументирано да се напаѓа. Настанот кој се обработува и присуството на одредени лица, од медиумскиот и од невладиниот сектор, секако добро познати на јавноста, само се искористува за нивно оцрнување.

Извори на информации: Како главен извор се користат фотографии кои, за жал, не се употребени да ја информираат публиката, туку да ѝ сервираат сопствен суд, кој притоа не е соодветно поткрепен со факти. Иако се забележуваат одредени репортерски обиди, од типот на претставување на бројноста како „евидентно слаба посетеност“, впечатокот е дека текстот не е пишуван од терен, туку од нечија канцеларија.

Содржајност:  Текстот, поткрепен со фотографии и со само две придружни реченици, би ја задоволил основната доза на содржајност. Дополнителните „додадени“ елементи не му даваат на тежина, туку, напротив, му ја намалуваат.

Пристрасност: Ја има во има големи количества. Но, не станува збор за една, туку за најмалку две форми на пристрасност. Едната оди на линија на хомофобичност, втората е на политичка основа. Се прават обиди да се стави знак на равенство меѓу опозиција, невладините организации и хомосексуалната заедница.

Квалитет на насловот: Тенденциозен наслов и наслов кој ја наведува публиката во погрешна насока. Не станува збор за тоа дека некој нечии права брани, туку дека дал поддршка на марш кој се одржал по повод меѓународен ден на толеранцијата.

Фотографија: Би немало проблем во овој сегмент ако фотографиите не се употребени за „бележење“ на поединци, кои не се по меракот на одредени политички елити во земјава.

Говор на омраза: Се забележува не директен, туку затскриен говор на омраза со тоа што намерно се даваат квалификации од типот:

„Евидентна беше слабата посетеност, која беше и очекувана, со оглед на фактот дека оваа категорија на лица, немаат поддршка од македонската јавност“

без притоа барем да се изнесат одредени податоци или бројки.

Заклучок: Хомосексуалноста, правата на членовите на геј-заедницата, како и толеранцијата кон сѐ што е „поинаку од нас“ уште долго време ќе бидат ако не табу, тогаш барем екстремно сензитивна тема не само во земјава, туку и во регионот. Затоа, ваков вид на текстови не помагаат во наелектризираната атмосфера, туку, напротив, само ја дополнуваат силната поларизираност во општеството. Ако веќе некој не се согласува со ваквите маршеви и смета дека се погрешни, што е сосема во ред, бидејќи секој има право на свое мислење во една демократска земја, тогаш зошто им забележува на други, кои го имаат истото право на свое мислење и кои сметаат дека се во право и сакаат да ги поддржат таквите манифестации? Бидејќи, да бидеме на чисто, едно е да се зборува во затворен круг, а друго е некој јавно, преку медиуми, да се жигосува. Историјата и тоа скорешната, покажа дека „обележувањето“ не донело ништо добро.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

наведува

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

во завиена форма

не потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести