verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Американските конгресмени ја поддржуваат евроатланската интеграција на Македонија

on 14 - 07 - 2014       

Kongresmeni-0987-098-crop-resize

Ова е текст кој предизвикува забуна кај читателите. Се работи за соопштение кое е објавено и на веб страницата на Министерството за одбрана. Текстот е целосно преземен, без притоа да се наведе од каде, ниту да се линкува веб страницата на министерството.

KongresmeniЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Американските конгресмени ја поддржуваат евроатланската интеграција на Македонија

Датум и време на објавување: 11.07.2014

Датум на рецензирање:12.07.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

БЕЗ НОВИНАРСКИ СТАНДАРДИ

Текстот е вистинит. Настанот се случил и министерот за одбрана Зоран Јолевски навистина беше во посета на САД. Она што збунува е што написот е целосна копија на соопштение објавено на официјална веб страница, а тоа никаде не е наведено. Ова создава забуна од типот дека новинарот бил на самото место. Втора работа е што за вакви соопштенија има новинарски стандарди кои задолжително треба да се наведат во текстот.

Исто така, спорен е и изворот на инфомација, поточно во текстот него го нема.

Целото соопштение од содржинска гледна точка е во ред, но јазикот и стилот на пишувањето е службен, административен и со тоа неновинарски. Пи-аР-от и новинарството се две различни страни на еден медал. Значи, невозможно е од соопштение да излезе новинарски текст, освен ако тоа не се преработи како што е редот. Односно да се линкува изворот, да се цитираат делови, да се парафразираат содржини…

 

ЦЕЛОСНО ПРЕЗЕМЕНО СООПШТЕНИЕ

Не се работи тука за тоа дали настанот се случил, туку за недостиг од новинарска обработка. Ова е оргинално соопштение, целосно преземено на портал.

Насловот, исто така, не ја кажува целата вистина. На порталот стои: ФОТО: Американските конгресмени ја поддржуваат евроатланската интеграција на Македонија, додека во соопштението насловот е: Продолжуваат средбите на министерот Јолевски со еминентни личности од политичкиот живот на САД.

Ова исто предизвикува забуна зашто според насловот на порталот се подразбира дека сите конгресмени се со подршка, иако во текстот подолу и во соопштението стои дека Јолевски се сретнал со двајца конгресмени кои изразиле подршка за евроантлантските интеграции на Македонија. Фотографијата е преземена од веб страницата на Министерстовот за одбрана.

Соопштенија од веб страници не можат да се третираат како новинарски текстови. Си има посебна методологија како се постапува со нив. Тука тоа не е направено како што изискува професијата и затоа написот предизвикува забуна кај читателите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести