verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Зошто нема различни извори

on 20 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

fijasko-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Фијаско на митингот на СДСМ кој беше најавуван како „историски“]

 

Ова е текст што не ја прикажува вистината. Сака да внесе забуна во јавноста со тоа што ќе прикаже помала посетеност на митингот на СДСМ во Скопје. Сепак, ако се сакало да се има објективен текст, морало да се наведат повеќе извори, па макар и да се различни според ставовите. Така, написот би бил содржаен и објективно би ја пресликал состојбата.

fijaskoЛинк до оригиналниот напис: Фијаско на митингот на СДСМ кој беше најавуван како „историски“

Датум и време на објавување: 17.05.2015, 19:20

Датум на рецензирање: 19.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПОГРЕШНО ТВРДЕЊЕ

Да се тврди дека на митингот имало околу 20.000 луѓе, без да се има потврда од експерти или некакви сознанија од друг тип, е неблагодарно за вакви текстови. Најмалку што можело да се направи е да се истакне дека различни медиуми, од регионот и од странство, имаат различни бројки за посетеноста на митингот на СДСМ.

Така објавија и повеќете македонски медуми:

„Британската национална телевизија „Би-Би-Си“ јавува дека лидерот на СДСМ очекува 100.000 лица да се појават на протестот, но оти една десетина од таа бројка да излезе на протест ќе испрати силна и јасна порака за премиерот Груевски.“

 

„Англискиот сервис на „Дојче веле“ јавува дека десетици илјади лица, со македонски и со албански знамиња, маршираат кон зградата на Владата, повикувајќи „Победа, победа“.“

Значи, имаше различни извештаи за бројност. Точно е дека имаше и такви извештаи кои тврдеа дека на протестот излегле 20.000-30.000 граѓани. Сепак, медиумот морал во текстот да ги пренeсе и различните тврдења за да може читателот да изгради сопствен став. Вака само му се наметнува мислење.

„Се појавија и информации дека имало жестока расправија помеѓу Заев и организаторите на протестот, каде што Заев во нервоза извикувал дека Бранко Црвенковски на митингот во јуни 2010 собрал повеќе народ од тоа што тој и Шекеринска собрале денес.“

Текстот потоа спинува дека имало некаква кавга, а нема никави приближно сочни детали за да може да се поверува дека навистина тоа се случило. Нема ниту извор, кој тврди дека кавгата постоела. Напротив, Заев изјави дека е задоволен од митингот и од посетеноста, која, според него, е околу 100.000.

Ова е уште еден текст кој со спин сака да прикаже поинаква вистина. Не му нуди на читателот повеќе информации од странски агенции за да може самиот да пресуди, туку му се прикажува една слика. Со тоа читателите остануваа неинформирани за вистината. Поради тоа може да се заклучи дека текстот има само една цел, а тоа е да го омаловажи протестот кој се одржа во неделата во Скопје.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести