verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Еве како живеат СДСМ-овските кадри со Жерновски во Центар – сметки по кафеани и службени возила и боемство до бесвест

on 7 - 11 - 2014       

dp-09876-0980-crop-resize

Кој сместил сметка од кафеана стара една година и тешка „дури“ 250 евра на агенда една година подоцна и зошто? Иако сметката се користи како наводен доказ за расипништво со општинската каса, сепак доказот е лабав, од причина што не е соопштен поводот за кафеанскиот ручек, не е соопштено дали се тоа средства наменети за репрезентации (какви што има секоја општина во своите ставки). Читателот не може да биде сигурен дека парите се злоупотребени како што обвинува непотпишаниот автор, особено ако се земе предвид и контекстот во кој се објавува оваа информација – без докази и една година подоцна.

dpЛинк до оригиналниот напис: Еве како живеат СДСМ-овските кадри со Жерновски во Центар – сметки по кафеани и службени возила и боемство до бесвест.

Датум и време на објавување: 11.10.2014

Датум на рецензирање: 20.10.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Текстот нѐ  уверува во вистинитоста на обвиненијата во него, од причина што не можеме да ја утврдиме веродостојноста на сметката и, уште поважно, никаде не е приложен доказ дека таа навистина е платена од општински пари. Уште поважно, текстот не го обезбедува поводот за ручекот што е платен, ниту кои се гостите. На читателите останува да проценат дали ручек кој чини 250 евра за група е „расипништво“ како што се обидува да увери писателот.

Веднаш по ова тврдење, следува спинот, односно се изнесуваат тврдења кои не се поткрепени со докази. За нив нема извори, туку се користи досега невидена формулација „кажувањата кои дојдоа до нас отвораат основ на сомнеж“. Новинарот кога ќе чуе некакви „кажувања“, има работа да ги докаже пред да ги објави.

„Ова е само една сметка, но кажувањата кој дојдоа до нас отвораат основ на сомнеж дека постојано Жерновски и луѓето на СДСМ се на службени ручеци и забави по рестораните и кафеаните во Дебар Мало во Скопје и најголемиот дел се наплатуваат со потписи на вработените кои се прокнижуваат за наплата во општината.“

Понатаму, се прави обид да се скандализира ручекот, односно да се претстави како „забава“. Особено зачудува критериумот за расипништво, ако се земе предвид дека пред неколку години Агенцијата за електронски комуникации потроши 21.500 евра за четиричасовна забава во Скопје. Сепак, според критериумот, „скапи боемски забави“ се оние на кои учествуваат „сдсмовци“ и кои се плаќаат од народни пари, за што не се нуди доказ.

„Дека луѓето од СДСМ и Жерновски си прават скапи боемски забави на сметка на граѓаните покажуваат седумнаесетте лозови ракии кои може да се видат од сметката, како и наливните вина, четирите порции овчо сирење, вкупно дваесет и двете салата специјалитети и месото кое било конзумирано.“

Изворот на информација е кафеанската сметка. Со изнесеното се инволвираат и личности кои не се прашани за коментар како што би требало да се направи во согласност со професионалните стандарди. Класично се спинува, на начин што се зема еден пример за наводен тренд. Основата на ова се коментари и претпоставки на оној што пишува.
Резултатот на сево ова е политичка пристрасност.

„На 30 април минатата година Андреј Жерновски излезе и се пожали во јавноста со реченицата “Најбогатата општина во Скопје, општина Центар е со празна каса.” Но, по се изгледа дека Жерновски не ја говорел вистината, а пари има, но дали тие наместо на проекти се трошат на скапи забави, ручеци и боемства?“

Од горенаведеното не се докажува дека општината е со полна каса. Но, затоа има коментар и субјективно толкување на оној што пишува.

Насловот е исклучително пристрасен, неаргументиран и остава впечаток дека тежнее да дискредитира партија.

Спинувањето се забележува и негативно придонесува кон довербата на јавноста. Тоа е неодговорно и непрофесионално одвлекување на вниманието од важните кон неважните работи. Но, во случајов, тоа не е единствената забелешка. Повеќе од тоа, интересно е да се стави до знаење дека доказите врз кои треба да се базира приказната се лабави и не покажуваат расипништво или каква било незаконитост од причина што не е посочен поводот за нивното трошење ниту, пак, е докажано дека не се работи за средства што се наменети за репрезентација (какви што има секоја општина). Сето тоа се поврзува со образованието во општината и јасно е дека станува збор за селективно одбрана општина каде градоначалникот е од опозицијата за која се пишува за да се алудира на лошо владеење на опозицијата, а не да се прикаже како функционираат општините во целост и како се празни нивната каса.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести