verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ЕУ ја „плесна“ Грција со хашката пресуда!

on 23 - 12 - 2013       

www_vecer_com_mk_default_asp_ItemIDF44A4C439587044A-crop-resize

Како и секоја година крајот на декември е период на  завршните состаноци и оценките на ЕУ на кои, меѓу другото, се усвојуваат заклучоци и препораки за напредокот на земјите аспиранти за полноправното членство. Така и оваа недела помина во дискусиите кои се однесуваат на евроинтергациите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово. Според информациите што можат да се прочитаат на сајтовите на ЕУ, на 17. 12.2013   усвоени се заклучоците за напредокот на сите земји кои се на европскиот пат. За Македонија и БиХ беше јасно дека не можат да очекуваат ништо и дека не треба да се надеваат на позитивен извештај. Тоа е вистината и реалноста за Македонија.

Овде целиот процес се посматра со друга „диоптрија“ и без повикување на релевантен извор се објавуваат сопствени конструкции завиткани во некаква „обланда на ЕУ“, при што се шири нереален оптимизам дека Грција е притисната од ЕУ и ќе мора да ја испочитува Хашката пресуда. Наводно, според медиумот „ЕУ ја „плесна“ Грција со Хашка пресуда !“, а во „Стратегијата за проширување бара:отворените прашања да се решаваат во согласност со меѓународното право.

FireShot Screen Capture #076 - 'ЕУ ја _плесна_ Грција со Хашката пресуда!' - www_vecer_com_mk_default_asp_ItemID=F44A4C439587044AЛинк до оригиналниот напис: ЕУ ја „плесна“ Грција со хашката пресуда!

Датум и време на објавување: 18.12.2013

Датум на рецензирање: 19.12.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Во текстот има сѐ освен вистината и вистинското новинарство. Воопшто несе спомнува неуспехот на Македонија и лошите оценки кои дојдоа од Брисел. Се влева лажна надеж дека ЕУ на последниот самит  ја укорила Грција и дека после самитот влегуваме на друг колосек на кој сме во предност, а Грција ќе: „мора да ја почитува пресудата оти тоа е ставот на официјален Брисел“. Тоа не е вистината. Познато е дека таа пресуда не е од вчера, туку од 2011 година и дека Грција ниту ја почитува, ниту Брисел може на тоа да ја присили, затоа што одлуките во ЕУ се донесуват со консензус и пресудата на тие одлуки не влијае. Медиумот, всушност, го репризира текстот објавен уште на 6 декември 2011 година во истиот медиум и прави компилација со стари извештаи на државната агенција МИА.

Извори на информации: Нема референтен извор на информации, за некои констатации медиумот се повикува на државната агенција МИА, но не наводи од кога се и од кој состанок во Брисел се тие извештаи.

Содржајност: Текстот на изглед делува содржајно, и оптимистички, но не е реално пренесена сликата од она што се случувало последните денови во Брисел, туку е конструкција со јасно поставената цел да се изманипулира јавноста. Тој претставува отворен спин актуелното политичко руководство да се амнестира од одговорност за неуспехот и да се амортизира негативната оценка добиена во Брисел. Затоа, медиумот објавува: „Заклучоците договорени на ниво на амбасадорите на ЕУ-земјите одат во полза на Хашката пресуда, која Атина ја игнорира“. Ниеден друг домашен или странски медиум не пренел ваков заклучок од Брисел. Спинот продолжува и понатаму: „иако Грците не ја почитуваат пресудата, со ваков заклучок ЕУ признава дека нашиот јужен сосед тоа мора да го направи, зашто тоа е став на официален Брисел“.

Целиот текст продолжува со вакви и слични констатции, влевајќи им лажна надеж на читателите дека Македонија е чекор до датумот за почеток на преговорите.

Пристрасност: Очигледна е пристрасност да се амнестира актуелната лоша политика која Владата ја води во доближување до ЕУ. Од „нафталин“ ја вади пресудата од Хаг во полза на Македонија која со моменталната оценка на нашето доближување кон ЕУ нема никаква врска.

Коментирање: Авторот постојано коментира некакви докуметни и заклучоци во полза на Македонија без да наведе извор, нивната хронологија и каде се објавени. „Заклучоците догворени на ниво на амбасадори на ЕУ-земјите одат во полза на Хашката пресуда, која Атина ја игнорира“. Нема објаснување кои се тоа заклучоци и од кој датум.

Оригиналност/Плагијат: Текстот нема потпис на авторот, а очигледна е компилација на неговите коментари, лични заклучоци и информациите кои (некогаш или некаде) ги објавил авторот или државната новинаска агенција МИА.

 Квалитет на насловот: Во самиот наслов се гледа манипулација и спин.

Фотографија: На фотографијата е насловната страна на медиумот од 6 декември 2011 година кога е донесена Хашката пресуда, со што е разоткриен целиот текст и манипулација. Весникот го прераскажува она што било актуелно и за што се зборувало во 2011 година. Насловот од посочениот датум на насловната страна на истиот медиум бил: „Македонија ја победи Гција во Хаг“.

Заклучок: Станува збор за текст во кој преку манипулирање со податоците и подгревање на стари заклучоци и изјави од 2011 година, објавени во истиот медиум, се спинува за Владата и се пласира тезата дека Брисел ја укорил Грција:  „Еу ја плесна Грција  со Хашката пресуда и ја менува стратегијата за проширување, во правец отворените прашања (во овој случај прашењето околу името) да се решаваат согласно со меѓународното право“. Дека тоа не е точно потврдуваат фактите кои медиумот ги крие, а тоа е барањето од Македонија да го реши проблемот со името, но да реши уште многу крупни прашања кои се кочница за започнување на преговорите.
Наместо медиумот да застане на страната на вистината, на страната на јавноста и граѓаните, на страната на етичките норми во новинарството, тој застанал на матрицата која е не споива со објективното новинарство и се ставил во функција на  отворена пропаганда и замајување на читателите, верувајќи дека е тоа легитимно ако се штити актуелната власт.

Во таа намера медиумот доживува неуспех и кај самите читатели, тие сами ја откриле лагата и тоа го пишуваат во своите коментари под објавениот текст. Зоре Т. од Скопје на 18.12.2013   18:06 пишува: „Се прашувам дали во насловот на овој текст е тоа баш така или новнарот тоа така си го проценил“… Никола, на 18.12.2013 вели во својот коментар „демек ги плесна Грците, а меѓу редовите е јасно дека не смее да постојат регионални спорови пред да се започнат преговорите“.

Во општите начела на Кодексот на новинарите на Македонија се вели:

Принципи на однесување:

Пропагндата не е оправдана ниту е дозволена во ниедна ситуација и значи прекршување на еден од основните принципи на однесувањето. Новинарите ќе ги почитуваат етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни“

Нее испочитуван ни членот 1 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1

Новинарот треба да објавува  точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

не е апликативно

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести