Рецензија: Есма Реџепова итно префрлена во болница
Објавено во Рецензии
on 20 - 12 - 2014 Автор: Мирослава Симоновска
Да се провери точноста на информацијата е основна новинарска должност. Членот 1 од кодексот на новинарите налага новинарот да објавува точни, проверени информации.
Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Меѓутоа, освен цитирањето на медиум кој претходно ја објавил информацијата, во случајот не е направен обид да се провери истата.
Линк до оригиналниот напис: Есма Реџепова итно префрлена во болница
Датум и време на објавување: 18.12.2014
Датум на рецензирање: 19.12.2014
Рецензент: Мирослава Бурнс
Рутинската, однапред закажана контрола на пејачката, во овој текст се претвора во „итно префрлање во болница поради влошена здравствена состојба“ што е неточно. Основното новинарско правило напишано и во Кодексот на новинарите, е да се обезбеди проверка на информацијата. Ова можело да се стори со контактирање со менаџерот на Реџепова или лично со неа. Од изнесеното не се остава убедлив впечаток дека воопшто е направен обид да се консултира засегнатата за проверка на информацијата. Сензационалното известување прошири дезинформација дека нејзината „здравствена состојба е влошена и дека била задржана во болница“.
Демант пристигна од менаџерката на Реџепова.
„Би сакала да ја деманирам веста дека Г-ѓа Есма Реџепова е префрлена итно во болница поради влошена здравствена состојба, како што е напишано. Точно е дека Г-ѓа Есма беше во клиничката болница „Систина“, каде што беше на рутинска, однапред закажана контрола. Го молам порталот и официјално да ја демантира оваа вест, која ја доведе во заблуда целата македонска јавност. Воедно, на обожавателите и почитувачите на Г-ѓа Реџепова ин потврдувам дека госпоѓата се чувствува одлично и со нетрпение Ве очекува сите за дочек на Нова Година да бидете на Плоштадот Пела во центарот на Скопје и да се дружите со неа и нејзината песна. Со почит, Весна Ѓорѓиевска, Менаџер на Есма Реџепова Теодосиевска.“
Во текстот се упатува на друг медиум како извор, но ова не го камуфлира непостоењето новинарски ангажман да се провери информацијата и, напротив, придонесува за понатамошно ширење на дезинформација.
„Есма била донесена во болницата во лоша здравствена состојба и како што јави порталот била задржана во клиниката. Новинар од музика 24 случајно бил сведок на хоспитализирањето на фолк дивата.“
Членот 8 од новинарскиот кодекс налага:
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.
Насловот во кој се тврди дека Реџепова е итно префрлена во болница, е сензационалистички. Тоа што некој ја видел во болница, не значи „итно префрлање“. Дури и да било така, истото во текстот со ништо не се потврдува, односно не му се дава веродостојност. Пред секое информирање кое вклучува засегнати страни, за информации чија потврда е неопходна. а вистинитост непроверена, новинарот мора да се обрати на извори. Во секој останат случај, ризикува да пренесе полувистина или целосно невистинита информација.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно точни, делумно неточни
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови