Рецензија: Ермира мехмети се разведува?!
Објавено во Рецензии
on 10 - 01 - 2014 Автор: Александар ПисаревВо недостиг на сериозни теми и безидејност, новинарите и медиумите се таблоидизираат и сензациите ги бараат во приватниот и личен живот на јавните и други личности. Рецензираме еден таков текст кој се занимава со личниот живот на пратеничката Ермира Мехмети и нејзиниот сопруг, дипломатот Шеној Деваја. Притоа, весникот изнесува полувистини и невистини. Прави сезнација, а читателите ги остава во дилема што, всушност, се случило – дали Ермира се разведува или е во фаза на развод. Дали нејзиниот сопруг Деваја е повелечен од дипломатска функција поради последиците кои разводот ги носи и можат ли и требат ли тие да влијаат на неговата дипломатска кариера.
Линк до оригиналниот напис: Ермира Мехмети се разведува?!
Датум и време на објавување: 05.2014, 20:04
Датум на рецензирање: 09.01.2014
Рецензент: Александар Писарев
Вистинитост: Текстот се базира на претпоставки и интриги. Во насловот поставува прашање: „Ермира Мехмети се разведува ?!“ Тоа може да се протолкува дека е во фаза на развод или дека има немера да се разведе, а можеби е и шпекулација и нтрига, што не значи дека бракот ќе резултуира со развод. Веќе во следната реченица има констатација: „Пратеничката од ДУИ Ермира мехмети Деваја се развела од својот сопруг“… Ова е констатција. Но, што е вистината – се разведува или се развела?
Извори на информации: Нема релевантен извор на и нформација. Се повикува на „улица“: „Нема потврда но поради ова се подготвувала и смена на дипломатот и неговото враќање назад“… се повикува на пишувањето на албански медиуми, но не е наведено кој медиум кога и што точно објавил.
Содржајност: Целата содржина е ѕиркање во личниот живот на пратеничката Ермира Мехмети и нејзиното поблиско и подалечно семејство, при што се оперира со интриги и рекла-казала. Тука не може да стане збор за некаква содржина.
Коментирање: Медиумот коментира дека поради оваа случка се подготвува смена на дипломатот. „Нема потврда но поради ова се подготвувала и смена на дипломатот и неговото враќање назад“…
Оригиналност/Плагијат: Во делови на текстот се повикува на други медиуми, но има и сопствени заклучоци и бекграунд. Не може да се одреди дали е плагијат или оригинално дело. Текстот не е потпишан.
Квалитет на насловот: Насловот е таблоиден и сензационалистички.
Фотографија: Фотографијата поврзана со насловот директно навлегува во личниот живот на пратеничката Мехмети.
Заклучок: Текстот спаѓа во оние новопојавени, потполно несоодветни новинарски жанрови кои длабоко навлегуваат во приватноста на граѓаните, поготово кога се во прашање јавните личности. Иако станува збор за наводно сериозен политички магазин, тој со овој текст се таблоидизира. На граѓаните им „ѕирка во спалната соба, во кујната, во чинијата за време на ручек“. Го поврзува нивниот приватен живот со професијата, оценува дали нивниот успешен или неуспешен брак ќе значи и успех или неуспех во професијата.
Ермира Мехмети со ништо не предизвикала внимание во јавноста за да треба да се навлегува во нејзиниот личен живот. Повредена е нејзината приватност.
Во овој случај, разводот, ако воопшто постои, не треба да се поврзува со политичка кариера, ниту на Ермира, ниту на нејзиниот сопруг Шеној Деваја. Разводот не е неморален чин. Има многу случаи во кои политичарите кои имале неуспешен брак, ја продолжиле успешно политичката кариера. Можеби баш успехот во политиката и преголемиот политички ангажман на Ермира или Шеној резултирале со неуспех во бракот. Тоа се лични прашања. Еден дел од текстот го дискредитира Деваја: „Нема потврда но поради ова се подготвува смена на дипломатот“. Ваква констатција со ништо не е поткрепена, а може да му нанесе штета на Деваја во дипломатската кариера.
Во текстот има и елементи на родово омаловажување. Во центарот на внимание е поставена Ермира Мехмети, објавена е нејзината фотографија, се зборува за нејзиниот развод со што таа се омаловажува и ѝ се нанесува моралната штета, додека Шенол практично не се ни спомнува.
Медиумот прави родова диференцијација и ја претставува жената како недоволно силна да биде и успешен политичар и успешен сопружник. Апсолутно не постои никаква причина за навлегување во нејзиниот личен живот и од тоа да се прави медиумски производ. Бидејки, да повториме, разводот не е никаков неморален чин поради кој некој треба да се „етикетира“.
Повреден е член 1. и член 7. на Кодексот на новинарите на Македонија.
Член 1.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации… Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за шпекулација тоа треба да се каже и да се објави“.
Член 7.
„Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста“…
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови