verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Елена Ристеска ја доби најубавата улога во животот

on 9 - 12 - 2014       

elena-vnuka-bebe-crop-resize

 

Не се знае што е идејата на овој текст. Дали да ѝ се честита на Елена Ристеска или да се објави нешто ексклузивно? Патем, не се знае на која Елена Ристеска се однесува. Дали на пејачката или на некоја друга жена. Никаде во написот не е спомнато дали е пејачка, или оваа личност, која е главна вест, работи нешто друго. Башка што имињата во текстот се наведени без презиме, како да мора сите да ги знаат. Вака текстот изгледа како честитка за домашна употреба, за навистина вест која е радосна – раѓањето на нечија внука. Но, зошто тоа би било вест? Единствената олеснителна околност за текстот е тоа што е објавен во рубриката „Мегафон“, што најверојатно значи нешто чуено-недочуено или, пак, неофицијално. Сепак, тоа не го амнестира од сите други непрофесионалности што ги има внатре.

elena vnuka bebeЛинк до оригиналниот напис: Елена Ристеска ја доби најубавата улога во животот

Датум и време на објавување: 01.09.2014, 08:10

Датум на рецензирање: 09.12.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕМА ИЗВОР

Ова вест е објавена пред два месеци. Вторпат стана актуелна откако повторно се појави низ социјалните мрежи, а читателите почнаа да ѝ честитаат на пејачката Елена Ристеска. Без разлика кога била објавена оваа вест, таа е направена крајно непрофесионално. Во неа ги нема основните новинарски стандарди. Нема ниту кога, каде… Нема ниту извор, а веста не е ни содржајна.

Веста е направена за да биде сензационална. Не се повикува на ниту еден официјален ниту неофицијален извор, се известува за раѓањето на внука, а сензационализмот се потврдува и со изборот на фотографијата. Таа не е потпишана, па постои голема можност да е преземена од странски медиуим, со што повторно се манипулира со читателот, пласирајќи ја како автентична.

Насловот, исто така, манипулира со читетлите. Имено, во него се тврди дека Елена Ристеска ја доби најубавата улога во животот. Зошто оваа случка да е нејзина најубава улога во животот? Станала тетка како и многу жени секојдневно. Сепак, би сакале да прашаме каков ќе биде насловот кога посочената Елена ќе стане мајка? И тогаш би било нешто од типот: Елена ја доби најубавата улога во животот. Башка што најверојатно колку што луѓе постојат на планетава Земја, толку и желби за најубава улога има. Секој човек има различни сфаќања за тоа што е најубава негова улога, па затоа и овој наслов, кој сака да наведе повеќе кликнувања, е непрофесионален пример за тоа како треба да изгледа еден наслов. А, што би му фалело на насловот: „Елена Ростеска доби внука“, веќе кога „морало“ да се објави ваква вест. Зошто новинарството, пред сè, мора да е точно, објективно и вистинито.

И на крај, да заклучиме дека ова е непрофесионална и сензационалистичка вест која и не мора да се најде во медиум. Ако оваа вест не се појавеше, никој немаше да изгуби. Честитките ќе стигнеа на поинаков начин, а не преку медиум, затоа што порталите не се огласна табла. Можеби и само ќе се добиеше. Секако, во професионалноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести