verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Екстрадиција: Испорачан партнерот на мадам Пепи

on 24 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

5t-09876-09800-crop-resize

Станува збор за вообичаена информација за екстрадиција на осудено лице, но невнимателно се открива целосното име и презиме на осудениот, кој, во исто време, е и осомничен. Авторот се двоумел дали да го пренесе идентитетот на осудениот или, пак, да го сочува. Имено, на почетокот на веста, се известува дека е екстрадиран Војислав Б., кој во вториот параграф е откриен со целосното име и презиме, Војислав Будисављевиќ.

5tЛинк до оригиналниот напис: Екстрадиција: Испорачан партнерот на мадам Пепи

Датум и време на објавување: 02.10.2014 11:06

Датум на рецензирање: 18.10.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Како што е наведено во текстот што го рецензираме, лицето во моментот е осомничено за шверц на кокаин, а во првиот пасус се наведува дека „Мадам Пепи и нејзиниот партнер кој беше во бегство беа познати по шверц на брендирана гардероба и кокаин“. Според информациите во текстот, лицето во моментот е само осудено за фалсификување на личен документ и со потерница се барало за да одржи затворска казна од три и пол години за тоа дело. Изворот на информацијата не е наведен, но, најверојатно, се работи за билтенот на МВР.

Министерството за внатрешни работи во информацијата за екстрадицијата што ја објави на својата веб-страница, никаде не го наведува презимето на лицето за кое известува медиумот, а во неговиот видеоматеријал, го замаглува лицето на осудениот. Оттука, во медиумскиот производ, од нејасни причини, се применува системот „информирање чекор по чекор“. Ова не е прекршок, меѓутоа отсликува невнимателност и се поставува прашањето дали се прекршува пресумпцијата на невиност за делото за кое уште не е осудено лицето?

Медиумот, во согласност со новинарските стандарди, одлучува како ќе ги презентира информациите за лица кои се осудени и екстрадирани. Малата невнимателност околу штитењето, па откривањето на идентитетот на оној за кој се пишува, го привлекува вниманието од аспект на држење конзистентен приод при информирањето и при атрибуирањето.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести