verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Оставка? Која оставка?

on 18 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ЕКСКЛУЗИВНО_-ГРУЕВСКИ-ПОДНЕСУВА-ОСТАВКА_-http___centarnews.net_mk_index.php_v-crop-resize

 

[Рецензија: Ексклузивно: Груевски поднесува оставка денес?!]

 

Пред нас е шпекулативен материјал кој ја дезинформира јавноста дека премиерот,  наводно, „поднесува оставка“!  И додека, прашалникот и извичникот на крајот од  насловот оставаат кај публиката одредена резерва дека „екслузивно“ најавената оставка навистина и ќе се случи, во самата вест тоа се претставува како сигурна работа. Иако е во прашање паушална информација, која набргу (на заседанието во Собранието кое се случи три часа по пласирањето на веста)  се покажа како неточна.

ЕКСКЛУЗИВНО_ ГРУЕВСКИ ПОДНЕСУВА ОСТАВКА_ - http___centarnews.net_mk_index.php_v

Линк до оригиналниот напис: Ексклузивно: Груевски поднесува оставка денес?!

Датум и време на објавување: 13.05.2015, 10:03

Датум на рецензирање: 16.05.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ЛАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Оваа куса вест од само четири реченици не посочува прецизни извори. Во неа нема елементарен обид  за проверка на информацијата која ѝ се нуди на јавноста како вистинита и ексклузивна, а фактички е целосна невистина. Ваквиот пристап е непрофесионален и се коси со принципите на етички исправното новинарство, кое подразбира дека „основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината“ (Преамбулата на новинарскиот Кодекс).

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно (прв амандман од Кодексот на новинарите)

Освен што се потпира на неофицијални и непотврдени информации, гледано од професионален аспект, веста е конфузна. Во првата реченица најавува дека Груевски ќе ги информира пратениците дека ќе ја напушти премиерската функција.

„…на денешната седницата во Собранието на Македонија, Никола Груевски покрај образложувањето на министерските оставки, ќе ја соопшти и својата оставка пред пратениците“

Потоа, пак, вели дека на собраниската седница тој „ќе го образложи својот предлог, кој најверојатно е доставен до законодавниот дом“. Тој изгледа збунувачки, бидејќи не кажува поконкретно за каков предлог се работи. Инаку, во прашање се предлозите за двајцата нови министри за внтарешни работи и за транспорт и врски (кои беа избрани на местата на Гордана Јанкулоска и на Миле Јанакиески). Но, тоа од написот не може да се разбере.

Дополнителна забуна создава и фотографијата со која е илустрирана веста, која остава впечаток како да се работи за „депонираната“ оставка на премиерот. А, всушност, најверојатно станува збор за предлогот  што Груевски го доставил до Собранието, а се однесува на изборот на новите министри во владиниот кабинет.

Па, гледано во целина, слободно може да се каже дека  на читателите им е понуден лош новинарски производ, кој заслужува негативна оцена.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосна невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести