verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Веќе ви кажавме што рече премиерот вчера – ќе ви кажеме повторно

on 10 - 04 - 2015       

Firefox_Screenshot_2015-04-07T20-54-48.383Z-crop-resize

 

[Рецензија: Економскиот раст и добрата безебдносна ситуација ги оддалечуваат СДСМ од посакуваното враќање на власт]

 

Да почнеме со ред: наслов надвор од стандардот, неиздржани тврдења, непрецизирани извори на информации, едностраност што конечно доведува до пристрасност

Firefox_Screenshot_2015-04-07T20-54-48.383ZЛинк до оригиналниот напис: Економскиот раст и добрата бебзедносна ситуација ги оддалечуваат СДСМ од посакуваното враќање на власт

Датум и време на објавување: 05.04.2015, 17:37

Датум на рецензирање: 07.04.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

БАЈАТ НАСТАН МАСКИРАН ВО ДНЕВНА ИНФОРМАЦИЈА

 Да видиме што од аспект на актуелност носи овој материјал. Се темели, генерално, на настапот на премиерот и лидер на владејачката партија од претходниот ден. Значи, станува збор за рециклирање на говор „бајат“ 24 часа што ѝ се пласира на публиката како некаква вест. А, што со изреката дека „Вчерашната вест е денешна евтина хартија“?! Не е чудно или, пак, невообичаено постара изјава да се користи во актуелен новинарски производ, ама секако не е во ред таа да претставува основа, фундамент врз кој, од секој поглед, ќе се гради целата приказна, како од вистинитост, така до дневно-информативната компонента. Ако е така, како што е во овој случај, тогаш прашањето е што е новата информација? Одговорот е во повторувањето на нападите врз опозицијата и врз нејзиниот претседател. Аха, а тие, пак, се темелат само врз еден ден стариот говор на премиерот кој, инаку, природно, е главниот политички опонент на опозиционерскиот челник. Слаба работа во делот на актуелноста. Да, има споменато и други извори покрај основниот – премиерскиот, ама тие не се баш многу за верување, бидејќи, како и секогаш во вакви ситуации, се анонимни или упатени. Читателите кои го виделе ова четиво навистина биле лишени од задоволството на прецизирани и кредибилни извори на информации, освен споменатите изјави на премиерот, кои навистина би ги оправдале наведените тврдења со коментаторски „шмек“:

„Неуспешен обид на Заев да искреира сценарио за опструкција на економскиот раст и безбедносната соработка на Македонија со стратешки партнери и влијателни земји како Кина и Израел. Упатените во потезите на лидерот на СДСМ препознаваат немоќ и обид со деструктивни дејствија да се извлечат политички поени.“

Кој го вели ова? Нема одговор.

 

НОВИНАРСТВО ПО НАРЕДБА

Вака, како што ни е понудено, а слабо аргументирано, малку е потешко да се каже дека изнесеното во написот е и вистинито. Всушност, целиот склоп на текстот е крајно пристрасен и од него едноставно блика необјективноста, која е вткаена речиси во секој негов параграф. Мене ми изгледа како да се морало по секоја цена премиерскиот настап од Тетово да се емитува и наредниот ден и затоа само се барала форма, каква било, за таа задача да се исполни. Наредено – сторено! Пример е токму овој текст. Максимално го има премиерот, ама ич другата страна во смисла на тоа што би одговорила на прозивките. Што повеќе да се каже освен дека наликува на новинарство по наредба. Прашањето за содржајност би било вишок и да се отвора. Во централен ТВ-дневник се емитува материјал во кој главна и безмалку единствена компонента е вчерашен настан?!

Насловната конструкција, пак, е приказна за себе. Местото без проблем би ѝ било во некое партиско гласило, ама никако во медиумски продукт, секако не во кредибилен.

„Економскиот раст и добрата безбедносна состојба ги оддалечуваат СДСМ од посакуваното враќање на власт.“

Но, насловот е само воведот во целата приказна, раскажана ептен неновинарски, која кулминира на крајот со формулација: „Граѓаните според премиерот знаат да препознаат кој работи за доброто на државата“. Звучи модерно, некако советски, секако ако „ретрото е ин“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

официјални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести