verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Намерно искривен прилог за извештајот на ЕК, без намера за објективност

on 23 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: ЕК го објави договорот ова се деталите]

 

Тоа што го има во насловот на овој тенденциозен и манипулативен прилог, го нема во неговиот содржински дел. Деталите од извештајот на експертската група на Европската комисија, кои се најавуваат со насловната конструкција, не може да се пронајдат во написот. Но, затоа таму има „монтирани и сечени разговори“, како и „соросоиди во техничка влада“!

http___sitel.com.mk_ek-go-objavi-dogovorot-ova-se-detalite-0Линк до оригиналниот напис: ЕК го објави договорот, ова се деталите

Датум и време на објавување: 20.06.2015

Датум на рецензирање: 21.06.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ДОКУМЕНТОТ НА ПРИБЕ, УСПЕХ ЗА ВЛАСТА!

Материјалот што го рецензираме се повикува на неименувани дипломатски извори и на официјален документ –  Извештајот што го изготви  експертскиот тим на Европската комисија по два месеца престој во државата.

Меѓутоа, тој не ги користи фактите од извештајот и не им ги посочува на гледачите, па тие самите да проценат до какви заклучоци дошле експертите од ЕК, предводени од поранешниот директор на Директоратот за Западен Балкан, Рајнхард Прибе.

Туку, преку една субјективна перцепција, ги извртува нештата и го изместува фокусот од главните поенти на документот, обидувајќи се да го претстави како успех за власта!

Во прилогот, на пример, воопшто не се спомнува дека во извештајот е наведено дека снимките од прислушувањето:

„…според квалитетот, опсегот и бројноста потврдуваат дека се направени во просториите на национлната разузнавачка служба. Содржината на многу од снимките упатува на индикации на незаконски активности и на злоупотреба на моќта од страна на вискои владини службеници…“

 

„…УБК работи надвор од својот законски мандат во полза на власта за да ги контролира носителите на високи функции во јавната администрација, обвинителството, судиите и политичките противници, како последица на што се вмешува во независноста на судството и на другите национални инситуции…“

 Наспроти ова, написот на самиот почеток има манипулативен пристап, па вели:

„Европската Комисија ја заврши првичната истрага и анализа во врска со Македонската криза и објавените материјали кои се добени со прислушување без знаење на МВР, а потоа се дадени на СДСМ и Зоран Заев кој со сечење и монтирање ги објавува повеќе од 3 месеци“.

Тоа остава впечаток како да е општо прифатено мислењето дека снимките се лепени – конструирани.

 

„СОРОСОИДИ“ ВО ТЕХНИЧКА ВЛАДА!

Прилогот кој наводно нуди „детали“, не кажува дека во извештајот испишан на 20 страници се идентификувани недостатоци во пет сфери, и тоа: следење на комуникациите (прислушувањето), судството и обвинтелството, контролата – надворешен надзор од независни органи, изборите и медиумите.

Во него нема ниту збор за тоа дека во експертскиот извештај се изразува загриженост за несоодветното раздвојување помеѓу државата и партиските активности, за индиректната контрола на владејачката партија врз медиумите поради државната доминација во рекламниот маркетинг, за тоа дека медиумите работат во атмосфера на страв, дека приватните сопственици и ризикуваат владејачките политички сили да им се одмаздат ако не ги поддржат нивните агенди.

Нема сомнеж дека материјалот што го рецензираме, намерно не ги регистрира острите критики искажани во извештајот. Тој, всушност, воопшто немал намера да биде објективен и нагласено се труди владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но и ДУИ и ДПА, да ги прикаже како конструктивна страна во преговорите, која е на иста линија со Европската комисија и со еврокомесарот Хан:

„Според она што го дознава Сител, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и по ова прашање (техничка влада) се согласни со Еврокомесарот Хан и Европската Комисија…“

А на другата страна е лошата опозиција, која задолжително оди во пакет со „соросоидите“, кои, пак, се најзаинтересирани за техничката влада, а СДСМ,  всушност, „им е само инструмент за да дојдат до целта“!

Видливо е дека целиот концепт на прилогот е ставен во функција на  поддршка на власта и, истовремено, сугерира мислење дека актуелната политика наидува на поддршка и кај европските авторитети. Иако е доволно само да се отвори линкот и да се види какви се вистинските пораки од Брисел. А, тие немаат допирна точка со наводите во овој  пристрасен коментаторски скорен прилог, скаран со принципите на етички исправното новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести