verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Др. Софијанова најдобра на Балканот

on 13 - 09 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

„Директорката на Клиниката за Детски болести во петок заминува во Јапонија. Два месеци ќе биде на обука за здравствени системи, раководење со здравствените ресурси. Како што стојат работите др. Софијанова е најдобра на Балканот бидејќи ниту од Србија ниту од другите соседни земји нема лекар кој ќе оди на оваа обука. Софијанова го доби грантот JICA од македонската Влада од која и лично била номинирана а прифатена од Јапонија“.

Ова е почетокот и воедно целосното објаснување зошто едно стручно списание ја прогласува актуелната директорка на Клиниката за детски болести за најдобра на Балканскиот полуостров.
Доделувањето на таква позиција дури и за една директорка на клиника секако претпоставува широко и добро образоложено оценување, како во однос на непосредното опкружување, така и во однос на соседните земји. Тоа изостанување на критериумите докажува дека градацијата на стручноста кај нас сѐ уште нема утврден постамент.
Др.Софијанова најдобра на БалканотЛинк до оригиналниот напис: Др. Софијанова најдобра на Балканот

Датум и време на објавување: 10.09.2013 | 13:51

Датум на рецензирање: 12.09.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Текстот насочува дека д-р Софијанова добила владина стипендија за повеќемесечен студиски престој во Јапонија. Обуката опфаќа менаџмент во една здравствена установа, а Јапонија прифатила да обучува лице на кое, преку стипендијата, му се платени трошоците. Тоа се фактите што треба да се прифатат како точни.

Извори на информации: Директно не се наведени изворите на информации – дали е тоа самата д-р Софијанова, можеби нејзината клиника или Министерството за здравство како работодавец на директорката и, секако, самата Влада. Ниту еден од тие можни извори не ја поткрепува мини сторијата за патувањето на директорката.

Содржајност: За така „крупна титула“ секако била нужна далеку поголема сеопфатност на написот, односно текст кој би го задоволил простото љубопитство на читателот во однос на неопходните одговори: што е вистинската цел на обуката (што треба д-р Софијанова да научи, а што таа не го знае во моментов како менаџер на една значајна установа), дали имало и други кандидати и кандидатки за добивање стипендија, зошто во регионот нема други кандидати (дали нема такви кои би ги задоволиле високите приемни критериуми на Јапонците или, пак, можеби нема интерес во тие здравствени системи за обука во така далечна земја) и уште многу други прашања кои извираат од насловот на текстот.

Пристрасност: Една од веројатните опции зошто овој текст е толку несодржаен е оти тој е пристрасен кон еден државен службеник од висок ранг, кој добива некаква привилегија. Имено, имаме вест дека некој е привилегиран во здравствениот систем, се нагласува неговата издвоеност во однос на професијата, а истовремено не сме во ситуација да ги откриеме причните на посебноста на тоа лице во истиот тој систем.

Оригиналност/Плагијат: Претпоставка е дека написот е оригинален, односно потекнува од списанието, иако не е потпишан. Он-лајн верзијата, која ја следиме на „Здравство 24,“ нема никакви податоци за редакцијата и за поединците кои го прават гласилото, а кое пледира да биде сериозен информатор од областа на здравствената и социјална заштита.

Квалитет на насловот: Главен виновник за таквата издвоеност на д-р Софијанова е, секако, бомбастичниот наслов, воедно категоричен и сам по себе доделувач на титула „најдобра на Балканот“ која потоа, низ содржината, не се оправдува „ниту за јота“.

Заклучок: За поголем дел од читателите ова списание не е познато и прашање е дали и во иднина може да го заслужи нашето внимание со својата гола пропаганда и еднасочност. „Улицата“ со една насока на движење постои  дури и во однос на професијата во бели мантили, чија дејност треба, нели, да ја покрива. Тоа е проблем токму и заради настојувањата на актуелниот министер за здравство да покаже дека Владата е отворена кон сите лекари кои имаат амбиции да стекнат дополнителни знаења. Каде е вратата на која тие амбициозни луѓе треба да тропнат и што треба да имаат претходно остварено во кариерата?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

аноними

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести