verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Досие-Милчин и Сорос ја создадоја новинарската проституција во Македонија

on 20 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

01162014-OhridSky-Milcin-crop-resize

Има новинарски текстови кои кога ќе ги прочитате се прашувате: Зошто? Зошто е напишан овој новинарски текст? Дали открива нешто ново? Кого го засега? Може ли да предизвика некакви промени? Зошто? Можел ли авторот, наместо еден таков текст, да напише нешто што е вредно и достојно за вниманието на читателот?

Внимателната рецензија на овој текст, според утврдената методологија на објективна евалуација, сугерира дека тој нема одговори на овие прашања. Рецензијата укажува дека овој текст е одговор на некои други прашања кои не се новинарски. Да видиме како го докажува тоа нашата постапка на деконструкција.

01162014-OhridSky-Milcin-i-Линк до оригиналниот напис: Досие-Милчин и СОРОС ја создадоја новинарската проституција во македонија

Датум и време на објавување: 16.01.2014, 12:26

Датум на рецензирање: 17.01.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Со сета добра волја да се поверува во оваа приказна, авторот не ни дал ниту еден аргумент да прифатиме дека се работи за вистинити тврдења. Всушност, и нема што да се вреднува дали е вистинито или не, кога целиот текст е составен од мислења, коменари и конструкции без аргументи.

Извори на информации: Една од десетте препораки како новинарите да не покажат дека се глупави во лекцијата „Journalists – 10 Ways not to Look Stupid on the Job“ вели кога нешто не знаеш – прашај, консултирај извори. Во текстот што го рецензираме нема ниту еден извор. Еве да земеме дека некаков извор е скенот од некаква листа на која се звучни имиња, главно од Србија и Македонија за да се поткрепи тезата дека:

„Доколку се погледне структурата на фондацијата СОРОС , не треба преголема мудрост да се дознае ,дека тоа е браство кое датира од далечната 1968 година,од фамозните протести. Доколку се погледа подолу наведениот список , се ќе ви постане јасно,прилог ,фото список на првенци на СОРОС. “ (грешките во цитати од текстот што го рецензираме не ги корегираме заради автентичност)

Без да го наведе изворот на тој список, авторот конструира дека протестите од 1968 година, во Белград, во поранешна Југославија, ги обединила овие луѓе во, како што вели авторот, „Соросова групировка“. Но, од девет наведени имиња во таа листа, само три имаат поврзаност со фондациите на што примаат грантови, меѓу останатите донатори, и од Џорџ Сорос.

На прашањата што логично си ги поставува читателот на овој текст: од каде е тој список, каква е неговата вистинска намена, кој го направил и зошто – нема одговор.

Напротив, без никакви аргументи со уште еден пасус, коментар на списокот, уште еднаш се редат имињата (овој пат со грешки, па се додадени и некои имиња што ги нема во списокот, како Бора Марковиќ, на пример), за да се поентира дека списокот бил – шокантен. Зошто е шокантен? Навистина, зошто е шокантен? Ама, наредниот пасус на текстот (кој, инаку, од аспект на читливост е крајно неорганизиран и под сите стандарди за он-лајн новинарски текст) вели: „Тоа е само почеток…“ И со таа најава влегуваме во нашата рецензија во наредното поглавје – содржајност, зашто очекуваме дека сега ќе ги прочитаме неопходните аргументи кои треба да ги поткрепат овие сензационалистички најави.

Содржајност: За жал, нема ништо од аргументите за содржајност. Наместо со аргументи, авторот ги наведува (и тоа многу нејасно и невешто) на една полемика што во перидот од ноемри 2010 до првите два месеци во наредната 2011 година се водеше во неколку американски медиуми. Иако е сосема нејасно зошто сега се вади оваа мувлосна полемика, еве, ние да потсетиме: Полемиката ја започна конзервативниот ТВ канал Фокс Њуз, преку нивниот новинар Глен Бек во специјално подготвеното The Puppet Master во кое го обвини Џорџ Сорос дека се збогатил со профитирањето од хаосот на берзите што самиот тој го предизвикувал и дека фондациите Отворено општество во поранешните комунистички држави во Европа ги основал со активистите на студентските движења на крајот на шеесеттите години.

Но, авторот на текстот што го рецензираме, доколку сакал да биде сеопфатен, и доколку не сакал тој да остане само еден памфлет, секако требаше да го заокружи овој новинарски „подвиг“ и со аспектот на Џорџ Сорос во оваа полемика. Можел, на пример, да потсети на дека оваа полемика се заокружи со интервјуто на Џорџ Сорос за Си-Ен-Ен во емисијата Фаред Закарија (Fareed Zakaria GPS), оној истиот Закарија што неодамна му направи интервју на премеирот Груевски. Во тоа интервју Сорос ја раскажува својата страна, а, соодветно, ги посочува и мотивите на Глен Бек и неговиот ментор Руперт Мардок да се занимаваат со животот и бизнисот на овој мултимилионер.

Но, да се позанимаваме малку со централното прашање што се афирмира во овој текст – зошто Џорџ Сорос ги основа фондациите во југоисточна Европа со поранешни активисти на студентското движење од ’68-та. За да ги пронајдеме одговорите на ова прашање мора да се префрлиме во следното поглавје на оваа рецензија – за пристрасноста.

Пристрасност: Тука, во делот за елементите на пристрасност во текстов гледаме индикации за еден од мотивите зошто тој е напишан. И тоа во овој дел:

„…тоа само го гради имиџот на сегашните власти дека се посветени на борба против комунистичките остатоци,кој ете за жал наместо демократија создадоја своја групировка на новинарски екипи ,кој се директно спонзорирани и фнасирани од Соросовите испостави низ целиот Балкан , но и пошироко или ако сакате низ сите екс комунистички земји од источниот блок.“ (грешките во цитати од текстот што го рецензираме не ги корегираме заради автентичност)

Коментирање: Пристрасноста продолжува во коментирање каде што читателите не можат да не го забележат гневот и нервозата на авторот кога пишува за работата на Фондацијата отворено општество Македонија. Тоа се коментари кои уште еднаш, и уште еднаш, рециклираат бајати тврдења кои никогаш досега не биле потврдени. Како на пример:

„Како се уништи новинарството во Македонија ,е лесно да се заклучи .Милчин создаде групировка од медиуми,сега главен спонзор на сите кодоши , препишувачи, за кој фондацијата оделува баснословни суми на грантови,пр тоа покриваќи само преку Здрженија на граѓани и невладини организации, или просто кажано СОРОС Македонија е жива перилница на пари ,за нечии лични потреби. “

Потоа и тирадата за платите на вработените во ФООМ: десет илјади, четри илјаи, три илјади, па грантови се добивале на „бацирака“… И сето тоа, ќе дозволите еден благ израз – истресено од ракав, без никакви докази.

Оригиналност/Плагијат: Различниот новинарски стил во одделни делови на овој текст, различниот фонт, како и графичкиот изглед на позадината на втората половина на текстот (како да е преземен со копи/пејст), наведуваат на заклучок дека текстот е всушност некаков спој од најмалку два различни текста. Дури има еден пасус од вториот дел кој почнува со исказ во прво лице – „И да, би се обложил дека Сорос… “, што не е вообичаена стандардна постапка при пишување новинарски текст. Целиот втор дел од текстот, со сива позадина, како да е преземен од некаде без да биде графички и уреднички среден низ една елементарна новинарска постапка.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационалистички, навредувачки, без потребните докази за тврдењето во него.

Фотографија: Ако скенот на списокот „шеесетосмаши“ го сметаме за фотографија, како што сугерира авторот, тогаш таа „фотографија“ ги нема неопходните кредити како што се авторство, извор, легенда…

Говор на омраза: Овој новинарски текст е полн со навредлив говор и говор на дискредитација. Како да ги наречеме поинаку „новинарска проституција“, „групировка“, „црвени Кмери“, „комуњари“, „кодоши“… Речник далеку од пристоен, а камоли достоен, за некој кој себеси се нарекува новинар и за медиум кој за себе вели дека е „македонска новинска агенција“.

Заклучок: Ова е уште еден од оние текстови што ги сведочиме веќе подолг период. Дали е очекуван? Најверојатно. И овој новинарски текст е придонес кон затворањето на просторот за дебатираање и полемика, кога останува само размена на омразата наместо на мислењата.

Ако, пак, новинарите ја прифатат омразата како тема за известување, или, уште полошо, како своја уредувачка политика, ќе ја водат својата публика во мрак зашто омразата е таму родена. Некој рекол дека „пеколот е таму каде што никој со никого нема ништо заедничко, каде што сите меѓу себе се мразат, а не можат да се оддалечат едни од други, ниту од самите себеси“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

аноними

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести