verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ДОМ ќе го поддржи Тодоровиќ

on 5 - 04 - 2013       

Партијата ДОМ, која себе се смета за еколошка партија, односно за партија која се заложува за воведување на еколошки вредности и критериуми во урбаното живеење, најави дека во вториот круг на локалните избори ќе го поддржи актуелниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ.

Оваа општина инаку е позната по тоа што бележи најголемо загадување во градот, има целосна девастација на зеленилото и се карактеризира со често менување на урбанистичките планови. Имавме однесување кое беше целосно спротивно токму на еколошките стандарди и на мерилата за хумано живеење.

Оваа вест, која го пренесува објаснувањето на лидерката на ДОМ, ниту со факти, а ниту со прашања не го допира молчењето токму на оваа партија за девастацијата на градот Скопје, а особено на неговото централно подрачје.

Рецензија: ДОМ ќе го поддржи Тодоровиќ Линк до оригиналниот напис: ДОМ ќе го поддржи Тодоровиќ

Датум и време на објавување: 02.04.2013, 12:35

Датум на рецензирање: 03.04.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Фактите за еколошката иднина на Скопје и општина Центар се точни, но само ако се гледаат како содржина на програма. Тие целосно се во спротивност со практичното дејствување на градоначалникот и јасно се поставува прашањето: Зошто да им се верува на изнесените и напишани факти?

Извори на информации: Информацијата воопшто не го допира општото сознание дека во времето кога Тодоровиќ е градоначалник, во централниот дел е уништен главниот плоштад како променадна средина, уништени се две големи зелени површини на западниот дел на истиот, потоа уништени се два паркови на главната улица, девастирани се слободните, а и некои зелени површини во населба Капиштец итн., а не е сторено ништо да не се исечат дрворедите по главните улици.

Во програмата пишува дека Тодоровиќ допрва ветува дека ќе озелени 30.000 метри квадратни (три хектари!) во целата Општина Центар! Тоа се, да појасниме, три површини од сто метри на сто метри, за да ни биде појасно!

Содржајност: Написот не одговара на две рефлексивни прашања за секој читател или жител на градот. Зошто ДОМ, како еколошка партија, не упати ниту еден прекор на актуелните градоначалници (на Центар и Скопје) за нивната досегашната антиеколошка прагма и зошто сега треба да се верува на оној кој го покажал своето вистинско лице (и интереси) во однос на екостандардите на овие простори?

Пристрасност: На изложувањето на ставовите на претседателката на ДОМ, за основот на соработката со градоначалникот Тодоровиќ, не е поставено ниту едно прашање кое би барало појаснување зошто таа соработка ја немало во минатото, ниту за тоа зошто ДОМ не оствари никакви контакти со граѓаните на Центар кои покренаа бројни иницијативи и имаа вистински протести за да го спасат зеленилото?

Квалитет на насловот: Насловот и текстот имаат една цел: да ѝ прикажат на јавноста дека во периодот меѓу два круга расте бројот на приврзаници на актуелниот градоначалник и да се дестимулираат неговите политички противници да излезат на гласање.

Фотографија: На фотографијата е дадена сцена од пресот на Лилјана Поповска (ДОМ) која е во друштво со градоначалникот, кому му дава поддршка.

Заклучок: Текстот е доказ како политиката умее да прави вистински еквилибристики со фактите – Скопје е според загаденоста и мерилата на Светската здравствена организација втор град во светот по загаденоста, а актуелното градско раководство ја добива поддршката на наводна еколошка партија?!

Рецензија: ДОМ ќе го поддржи Тодоровиќ

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести