verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Додека полицајците спречува немири, новинарки легитимираа полицајци

on 1 - 06 - 2014       

ikkp-0987009988-09800-crop-resize

Пред нас се наоѓа сериозна манипулација. Особено е нечесно, при известувањето од било кој настан, да се селектираат само одреден дел од информациите, а останатите, инаку важни и суштински, значајни за приказната, намерно или не, да се прикриваат. Со тоа се менува аголот, а на читателот му се пренесува нецелосна и извртена порака.

ikkpЛинк до оригиналниот напис: Додека полицајците спречува немири новинарки легитимираа полицајци

Датум и време на објавување: 24.05.2014, 11:38

Датум на рецензирање: 27.05.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

 

ЦЕЛО Е КОГА ИМА СÈ

Ако се немало намера суштински да се изврти и да се спинува информацијата на која се реферира, остануваат неодговорени дилемите зошто се прикриваат податоци и зошто не се претставени двете страни во приказната? Вообичаено, изјавите од инволвираните се основен професионален стандард. Во случајот, во текстот сосема е изоставен податокот дека новинарките изјавуваат оти полицијата ги натерала да ги избришат снимките и фотографиите од протестот. Ова битно го менува контекстот на приказната, односно објаснува подетално зошто тие побарале полициските службеници да се легитимираат (наспроти впечатокот што се добива дека тие ја попречувале полицијата ефикасно да работи). Освен тоа, читателот би требало да биде информиран и дека легитимирањето полициски службеник не е ништо скандалозно, ниту шокантно, туку е право. Далеку од професионалните стандарди и Кодексот на новинари е половично да се известува за ситуации во кои има инволвирано многу страни и кои се податливи за квалитетен и богат со информации текст. Користењето на анонимниот извор како сведок е крајно дискутабилно и сомнително.

Од сведоштва од луѓе присутни на теренот, се дознава дека новинарките со цел да предизвикаат вербален инцидент и во обид да ја оцрнат акцијата на полицијата, постојано им поставувале прашања и ги легитимирале самите полицајци за време на вршење на својата дејност.

-Она што го знам е дека видов две новинарки како одат од полицаец до полицаец со диктафонот во раце. Не знам што ги прашуваа, но знам дека полицајците не им одговараа и ги замолуваа да ги остават да ја вршат својата работа, вели еден очевидец.

Дури и во самата формулација се избегнува да се посочи дека авторот самиот се уверил во тврдењето на т.н. очевидец. Ова се гледа од формулацијата „се дознава“. Видлива е некаква пасивност и „дистанцирање“.

Крајно пристрасен и коментаторски е ставот дека „Јордановска и Цветковска изградија случај во кој самите се прогласија за жртви и извадија наводи дека полицијата вулгарно им се обраќала и дека наводно им биле избришани фотографии за што беше поднесена претставка“.

 

КРИЕЊЕТО ИНФОРМАЦИИ ПОКАЖУВА СТОЈАЛИШТЕ

Од оваа формулација евидентно е дека се застанува на страната на полицијата. Не се земени изјави од новинарките, со што се прекршени стандардите на професионалното новинарство. Се цитира одговорот на претставката од МВР, но не се дава важната информација дека истрагата по оваа претставка траеше помалку од 24 часа. Сите овие информации се важни, а во времето на објавувањето јавно достапни. Врамувањето на информациите во контекст во кој има сериозни недостатоци во поглед на информации кои се прикриваат, изразува став, односно намера, да се создаде слика што е нецелосна. Читателот би можел да се запраша зошто се прави тоа и која е намерата. За крај, во членот 16 од Кодексот на новинари пишува:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

нецелосни

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести