verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Дипломати: СДСМ не треба да дејствува надвор од институциите

on 5 - 05 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-СДСМ-не-треба-да-дејствува-надвор-од-институциите-crop-resize

Според Кодексот на новинарите на Македонија, ако изворот на информации бара да остане анонимен, новинарот треба да го заштити. Во овој случај тоа е направено сосема коректно и легитимно, бидејќи се во прашање амбасадори.  Но, во текстот како да има премногу заштитени и не до крај прецизни извори, а ја нема ни втората страна, па веродостојноста на кажаното може да се доведе под знакот на прашање.  

FireShot Screen Capture # СДСМ не треба да дејствува надвор од институциитеЛинк до оригиналниот напис: Дипломати: СДСМ не треба да дејствува надвор од институциите

Датум и време на објавување: 29.04.2014, 19:23

Датум на рецензирање: 29.04.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ЗАВИТКАНО ВО ОБЛАНДА

Спротивставувањето на  хипотетичката најава на опозицијата (на денот кога е пишуван и рецензиран текстот), нивните пратеници да го напуштат Парламентот, е завиткано во „дипломатска обланда“, преку која и на граѓаните им се наметнува  мислењето дека на таквата намера на опозцијата не треба да се гледа како на легитимна одлука. „Меѓународниот фактор нема да поддржи бојкот на институциите и вонпарламентарно дејствување“.  Одбраните изјави на анонимни дипломати се контроверзни и зад нив вешто е сокриен бранител на ставовите на владеачката верзија на настаните.

 

КРАТКО ПАМЕТЕЊЕ

Пренагласено потенцирање дека: „Според  дипломатите  Македонија  е доволно демократска земја за сама да си ги решава внатрешните проблеми и дека политичките лидери не можат да очекуваат посредништво или вклучување на европските челници“  е контроверзно и со „кратко паметење“ .

За потсетување е колку пати само евроамбасдорот бараше  да се побрза со комплетирање на ад-хок комисијата за расчистување  на настаните  од 24 декември 2012 година, кои и со странско посредништво уште не се до крај расчистени. Тоа, всушност, е нагласено и во самиот текст: „Ние вложивме премногу напор за потпишување  на Мартовскиот договор, вели амбасадорот на една европска држава“ . На граѓаните им се познати и оценките на домашните и на меѓународните експерти за степенот на развој на демократијата во македонското општество. Како што им се познати и на земјите–членки на ЕУ. Не треба  да се чита „меѓу редови“  за да се препознае  нивото на демократија од самите изјави на дипломатите: „Унијата најмногу е заинтересирана за зачувување на добрите  меѓуетнички односи и дека единствено тогаш може да се очекува  нивен ангажман што сега не е случај“. Ако е „Македонија доволно демократска земја сама да ги решава проблемите “…  зошто би требало да се очекува „нивен ангажман“.

 

И ДРУГАТА СТРАНА ИМА ШТО ДА КАЖЕ

Отворена е сериозна тема, но не е доречена до крај и во приказната ја нема другата страна.  Има обвинување  завиткано во „според некои амбасадори“:  …„ако не учествуваат во работата на Собранието тоа негативно ќе влијае на извештајот  за напредокот на Македонија што ЕУ треба да го објави на есен“...  Вината која однапред ѝ се наметнува на опозицијата за некои одлуки, кои можеби се соема легитимни,  комплетно ја амнестира власта од одговорност за евентуално лошиот извештај на ЕУ наесен.  Ова остава впечаток на притосок и порака и врз граѓаните и врз опозицијата дека изборните резултати мора да се прифатат.  …„Амбасадорите им укажале дека треба да ги прифатат освоените мандати во Собтранието и дека од партијата очекуваат да биде конструктивна опозиција“.

За вакви сериозни заклучоци, сепак, е очекувано во еден коректен новинарски текст, да го чуеме и мислењето на другата страна. Инаку, ќе останеме со вкусот на проголтано „горчливо апче“ „препорачано “ од авторот потпишан со полно име и презиме, која ни го „препишал“ под сугестија на сегментирани (на моменти и контроверзни) изјави на амбасадори и дипломати за кои немаме до крај прецизно објаснување.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести