verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна

on 26 - 12 - 2013       

Тетке ве молам не викајте полиција-crop-resize

„Госпоѓо немојте да викате полиција, затоа што ја украдов чоколадата. Немав што да јадам дома, а бев многу гладна“, рекло со солзи во очите деветгодишно девојче кое било фатено од страна на продавачката во еден дуќан како краде.“

Вака почнува текстот со впечатлив наслов: „Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна“,  кој, без да посочи извор, локција  и време, на  читателската публика ѝ сервира една прилично чувствителна  приказна.  Никаде во написот не е наведено каде и кога се случува настанот, па се добива впечаток дека изгладнетото девојче, кое е принудено да краде чоколадо, е од нашето соседство.  Всушност, приказната уште пред три недели е објавена на еден хрватски портала потоа преземена од други хрватски и босански медиуми, од каде е најверојатно „позајмена“  и македонската верзија. Начинот на кој е пласиран овој материјал, вклучително и фотографијата  на која е прикажан тажниот лик на едно девојченце, се коси со основните професионални и етички стандарди на пренесување на информацијата.

 Девојче фатено во кражба Тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна MKnewsЛинк до оригиналниот напис: Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна

Датум и време на објавување: 24.12.2013, 12:30

Датум на рецензирање: 25.12.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Самиот текст не нуди елементи од кои може да се види дали е веродостоен. Настанот е објавен во повеќе странски медиумино и таму нема наведено прецизни извори, па  може само да се претпостави дали навистина се случил.   

Извори на информации: Написот нема посочено кредибилни извори, целиот материјал се потпира исклучиво на раскажувањето на „една продавачка“.

Содржајност: Тука и не може да се говори за некаква содржајност. Се работи за целосно преземен текст. Но, македонската верзија е со лоша конструкција на речениците. Материјалот не е ниту редактиран, ниту лекториран, а некои реченици, како:

„Продавачките секој манијак мораат да го прегледаат самите“.

се лошо преведени од хрватски:

„Prodavačice svaki manjak na inventuri moraju podmiriti same.“

Реченицата има сосема друга смисла. Воопшто не се работи за именката од машки род „манијак“,  туку за „кусок“. Односно, во случајот се мисли на евентуален недостиг од пари, кој продавачките мора да го надокнадат од сопствениот џеб.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е комплетна копија.  Оригиналот е објавен на хрватскиот портал на 07.12.2013, но, според формата во која е објавен на македонскиот сајт, веројатно е преземен од друг хрватски медиум каде е објавен на 8.12.2013, или, пак, од овој босански медиум, каде е објавен на истиот датум.

Квалитет на насловот: Насловот е напишан во сензационалистички манир и на прв поглед делува  прилично вознемирувачки.

Фотографија: Илустрацијата на која се гледа девојче со израз на лицето како да е фатено во лага, исто претставува сериозен пропуст. Објавувањето фотографии на деца е во спротивност со амандманот 9 од Кодексот на новинари, каде е прецизирано дека:

„Новинарот не смее да интервјуира или фотографира деца под 16 години без согласност од родителите или старателите“

Заклучок: Сајтот, во рубриката  насловена „Живот“, на читателите им подметнал текст ископиран од странски медиум, веројатно со цел да се зголеми  посетеноста на порталот. Овој напис е меѓу најчитаните  на сајтот (со над 2.700 посетители  во попладневните часови во вторникот на 24.12.2013), што е далеку повеќе од читаноста на другите текстови објавени тој ден.

Овој потег го става под прашалник чесниот пристап  на медиумот кон своите конзументи. Истовремено, претставува злоупотреба на довребата на читателите, кои од информативните портали очекуваат да добијат вистинита и сеопфатна информација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

сензационален

соодветен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести