verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Денеска што правите, тоа ќе го правите цела година

on 9 - 01 - 2015       

01052015-Vecer-Sueverie-crop-resize

 

Овaа рецензија е на предлог на наш читател. Тој/таа вели „Функција на новинарството е да промовира суеверије… НЕ!“. И, сосема е во право. Не само што не треба да се промовира суеверие, туку е и сосема неспојливо со православната практика на која се повикува текстот.

Но, тука и рецензентот на оваа медиумска содржина и „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, пред да продолжиме понатаму со рецензијата, сакаат да направат една задршка: Секој има прво да верува во што сака. Тоа е едно од правата на човекот што произлегуваат од корпусот лични или приватни права. Дотука, дебатите за верувањата може да почнат и да завршат.

Но, доколку за верувањата се пишува во медиумите како средства за канализирање и за испраќање пораки, тогаш едно од основните правила е од личните, прилично приватните концепти, да не се изведуваат генерални заклучоци и да не се наметнуваат ставови кои добиваат димензија на универзалност или правило.

01052015-Vecer-SueverieЛинк до оригиналниот напис: Денеска што правите, тоа ќе го правите цела година

Датум и време на објавување: 02.01.2015

Датум на рецензирање: 07.01.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Медиумската содржина што ја анализираме не само што не ја прави токму таа разлика – да ги издвои приватните верувањата од некои општо прифатени – туку прави и друга грешка: го афирмира суеверито како концепт на православната религија што е сосема спротивно на догмите на оваа веросиповед.

Според Свети Јован Златоуст, „со суеверието, ѓаволот ги убедил оние најнеразумните дека не зависат од нив самите делата на добродетелта или гревот, ниту дека се удостоени на било каква слободна волја, настојувајќи така да постигне две работи, кои всушност, и се најпагубни: и да ги одврати од вложување на труд во стекнувањето на добродетелта и да ги лиши од предрагоцениот дар на слободата. Оваа страшна болест нашиот непријател ја воведува во човекот некој пат низ вражањето, некогаш низ гатањето по знаци, низ суеверното разликување на деновите, низ злото учење за судбината и на многу други начини, доведувајќи ги сите во потполно растројство.

Овој силен исказ на еден од најреспектираните отци на православната црква е доволно ислустративен за неспојливоста на оваа веросиповед со суеверието. Оттаму, сосема несоодветно е да се поврзе празноверието со празникот и со светецот Свети Игнатиј.

Ние, во оваа рецензија, не оспоруваме дека некој може да пишува за суеверието, но, секако, не може, а да не укажеме дека без видливо правење разлика меѓу прашањата на верата и на празноверието, се создава илузија дека митовите и суеверните обичаи се дел од верата.

Во оваа медиумска содржина таа разлика не е направена. Напротив.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести