verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Кафе-муабет“ со Мосад

on 21 - 10 - 2015       

zaev-vo-izrael-mert-crop-resize

 

[Рецензија: Дали лидерот на СДСМ направи дипломатски скандал со Израел?]

 

Посетата на лидерот на СДСМ на Израел е постојана мета на голем дел од медиумите откако се случи. Таа беше оценувана најпрвин како приватна, потоа од верска природа (посета на црквата на Светиот гроб) за да се добие титулата „хаџи“ и слично, сè додека не дојде средбата со израелскиот претседател, потоа и со министерот за внатрешни работи, како и со човек на Мосад, како што беше речено од двајцата колеги што ја следеа оваа визита. Потоа провладините медиуми сакаа да ги омаловажат тие средби. За ова веќе имавме рецензија, но сега класичната пропаганда против дострелите на приемот на Заев од официјални лица во Израел достигнува кулминација со негирањето дека нему нешто му било кажано за тоа како била стигната опремата за прислушување во земјава. Тоа е онаа апаратура со чија помош имаме толкав број прислушувани граѓани во земјава.

zaev-vo-izrael-mertЛинк до оригиналниот напис: Дали лидерот на СДСМ направи дипломатски скандал со Израел?

Датум на објавување: 16.10.2015 17:23

Датум на рецензирање: 18.10.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Дали лидерот на СДСМ направи дипломатски скандал со Израел? Дали неговата изјава демантирана од тамошните власти може да им наштети на односите меѓу двете земји? Потпретседателот на опозициската партија, Дамјан Манчевски не коментира. Аналитичарите со став – за Заев ова е срам, за Македонија – штета… Претставници на раководството на СДСМ денеска не сакаа пред камерите да ја коментираат ситуацијата што ја предизвика нивниот лидер, Заев со Израел по дадената изјава по средбата со владините претставници која потоа беше демантирана од официјален Тел Авив.“

Вака гласи почетниот дел од веста за негирањето на ефектите од спомената посета. На што се потпира веста? Во неа нема да видите, како и во сите вести на повладините медиуми, ниту секвенци или фотографии од посетата, што е просто нетелевизично, нели?! Потоа се бараат изјави од лица од СДСМ кои наводно не сакаат да коментираат, ама не се дава изјавата (или изјавите на самиот Заев), па тој објективно останува цело време невидлив или засенчен, освен ако се имаат како дел од инструментализацијата на еден спин – како на порталот на кој стои веста – фотографија која и не мора да има врска со веста или со посетата на оваа блискоисточна земја! Се одело – па гледаме на фотографиите – да се најдат некои секвенци од каде било со атмосфера на брзање, која може да асоцира и на исплашеност, односно бегство (демек од прашања) што е манипулација.

Што се однесува до провладините медиуми, значи, немаме слика и прилика од таа посета, ниту изјава на оспорениот Заев, клучниот „актер“ во веста.

Втората карактеристика на оваа вест е одново да не се спомене дека се работи за официјална посета, дека програмата е правена најмалку два месеци претходно и дека СДСМ, како што изјави Заев, посебно инсистирал на одредени теми кои ја интересираат јавноста кај нас. Бидејќи посетата е на барање на Израел (што никаде не е објавено во провладините медиуми, од сосема јасни причини) нема двојба дека прашањето за помагањето на официјалните органи на македонското „големо уво“ било услов и до таквата тема да дојде. Кој би бил интересот на опозицијата? Зошто не се цитира како извор соопштението на СДСМ од 16 октомври.

Можно е таа тема да не била присутна на првата средба, со претседателот на Израел, ама за што би се разговарало ако не биле покренати финансиски и безбедносни прашања на средбата со министерот за внатрешни работи? За кромид и лук? За наводнување капка по капка? Никој не може да не го праша за тоа изворот (изворите) ако ги интересира вистината, уште повеќе што на средбата присуствувал и висок функционер на Мосад, кој, секако, немал во тие моменти многу време за „кафе-муабет“ со лидер на опозиција од малата Македонија. Ама средба имало. Имало и некаков интерес, очигледно?! Дали се добиени документи? Тоа не се прашува така – имало и некакви други форми освен директна размена на хартии, кои можат да се користат или добијат: како информирање за нешто, укажување на појави и лица, давање на корисни совети…. Домаќинот не мора да ги потврди – па се работи за такви работи за кои многу факти и не се потврдуваат. Од Мосад секако нема да кажат никакви детали, па ниту дали кафето било тамам.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести