verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Црвенковски нема да присуствува на Конвенцијата на Пендаровски затоа што знае што ќе каже

on 27 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Crvenkovski-09800009870-crop-resize

Текст кој упорно се труди да пропагира нешто, да агитира. Вест која упорно сака да докаже нешто, што според досегашните закони на природата, не се докажува. И впрочем текст кој сака сосила да ни наметне некое мислење, а тоа го прави дури и по малку агресивно, со постојано повторување на фразите, на поимите и на термините.

CrvenkovskiЛинк до оригиналниот напис: Црвенковски нема да присуствува на Конвенцијата на Пендаровски затоа што знае што ќе каже

Датум и време на објавување: 24.03.2014, 17:08

Датум на рецензирање: 25.03 2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КОНСТРУКЦИЈА ОД НАЈДОЛЕН ВИД

Порталите блиски до СДСМ во обид да ја убедат јавноста дека Пендаровски не е избор на Бранко Црвенковски и не е близок до поранешниот лидер на социјалдемократите, излегоа со манипулативно тврдење дека Црвенковски немало да присуствува на Конвенцијата, бидејќи не бил поканет.

Една конструкција која се бави со замена на тези. Информација во медиум се зема како готов производ, се манипулира со неа и повторно се става во улога на засилувач на текстот. Сепак, мора да се поздрави дека ваквите обиди на манипулација бараат подолго време,  како да се смисли конструкцијата и како најбезболно повратно да се врати кај читателот.

Изворите на информација, наводно, се некои „проопозициски“ портали. Сепак, не е истакнато кој посбено. Потоа се манипулира и се шпекулира со анонимни и неофицијални извори.

Текстот нема содржина, освен што битно било да го има поради следниов пасус:

Стево Пендаровски важи за близок соработник и човек од доверба на Бранко Црвенковски. Тој повеќе од една деценија добива високи партиски и државни функции и на тие функции е именуван речиси секогаш од Црвенковски. Пендаровски беше претседател на ДИК кој што го верификуваше сомнителниот избор на Црвенковски за претседател на Македонија.

 

ПРИСТРАСНОСТ СО УМИСЛА

Пристрасноста е политичка, со умисла. Се гледа намерата и поентата на текстот. Но поради, секојдневието на ваквите текстови, дури и нам ни стануваат вообичаени. Простое неверојатно што може пропагандата да им направи на луѓето.

Целиот текст е со коментирање. Веќе кажавме дека овие текстови од пропаганден карактер мора да се прават со коментари, затоа што не може да се најде факт.

Исто така, веќе не се ни знае дали ваквите написи се оригинални или не затоа што исти текстови како јајце на јајце, со ист наслов, ги има на повеќе медиуми. Затоа не може да се лоцира кој прв го активирал копчето, а никаде не е наведен ниту автор, ниту дека зад текстот стои редакцискиот тим.

Насловот на прва манипулира секако и дезинформира. На втора, пак, изгледа смешен. Фотографијата е ставена само како илустрација.

Што да се заклучи на крај. Текст кој претставува пропаганден материјал пар екселанс. Школо за написите од овој вид. Или, пак, ако сакаме обратно, текстови какви што не би смееле да ги имаме во новинарството. Но, како викаат старите – секој со својот ум.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести