Рецензија: Човекот одговорен за пропустот со олимписки прстени, пронајден мртов во Сочи
Објавено во Рецензии
on 11 - 02 - 2014 Автор: Александар ПисаревРецензираме шокантна „вест“, а, всушност, комплетно измислена информација – дека работникот, кој е одговорен затоа што еден од олимписките кругови (кој ја претставува Северна Америка) не се отворил на свечената церемонија на почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, е пронајден мртов во хотелската соба, со повеќе убоди од нож.
Линк до оригиналниот напис: Човекот одговорен за пропустот со олимписки прстени, пронајден мртов во Сочи
Датум и време на објавување: 09.02.2014
Датум на рецензирање: 09.02.2014
Рецензент: Александар Писарев
Вистинитост: Дали треба да ги повториме класичните оценки со кои ја потврдуваме невистината. Нема никаков извор со кој може да се потврди вистинитоста на оваа вест. Највероватно дека е превземена или од сропските портали ,„Курир,“ или „Ало“, со таа разлика што тие во самиот наслов ставиле знак прашање и на некој начин се оградиле дека можеби информацијата е лажна.
Извори на информации: Нема никаков извор на информации.
Содржајност: Целата содржина е измислена, па дури и името на работникот Борис Авдејев, кој е пронајден мртов во својата хотелска соба во Сочи.
Оригиналност/Плагијат: Веста е преземена од некој друг портал, без да се наведе изворот.
Квалитет на насловот: Насловот е сензационален и шокантен.
Фотографија: Фотографијата само потсетува на причината поради која е „убиен“ работникот и нема директна врска со настанот кој се опишува.
Заклучок: Некогаш печатените весници се натпреваруваа за тираж. Во тој натпревар имало валкани игри, измислени вести, лаги, интриги… И денес ништо не е сменето, само што имаме нови медиуми. Денес порталите се натпреваруваат чија вест во единица време ќе биде прочитана повеќе пати. Тој натпревар е очигледно глобален и бескрупулозен. Се измислуваат вести, или се пренесуваат непроверени информации. Некои во таа трка имаат мерка, но некои навистина ја загубиле. Интернетот навистина го смени новинарството и покажа што е се способен да направи човековиот ум.
Информацијата која ја рецензираме е објавена на порталот кој не е многу познат во јавноста. Можеби тоа била и причината да се обиде на ваков начин да ја придобие публика. Ако тоа му била цел, тогаш направил маестрално погрешен потег. Наместо што објавил комплетно измислена вест, можел да ја побара оригиналната верзија,
како што ние тоа го направивме, да ја упати публиката да ја прочитаат и да објасни дека е лага. Тоа навистина би била информација од јавен интерес.
Вака влегол во орото со другите таблоиди од регионот кои истата вест од “The Daily Currant” за половина час ја мултиплицирале, додавајќи ѝ секој по нешто свое, па дури и изјава од некој Канаѓанин по име Гај Лефтер кој слушнал тепање во собата на Адвејев, се обидел да повика помош од рецепцијата на хотелот, но телефонските врски биле прекинати.
Што да се каже по сѐ ова, освен дека се прекршени сите одредби на домашните и меѓународните Кодекси и конвенции за новинарското однесување. Направена е штета, читателите се измамени, исплашени дека може да се случи такво нешто и доведени во заблуда.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови