verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Чавков: Има индикации за финансиски криминал и корупција во општина Охрид

on 10 - 06 - 2013       

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, претставници од Министерството за внатрешни работи и финансиската полиција неодамна ја посетија општина Охрид и остварија средба со градоначалникот Никола Бакрачески. За ова известува и Алфа телевизија, која, даде посебен прилог за една невообичаена визита, особено што доаѓа од функционер кој само што седна во својата фотелја.

Да потсетиме дека смената на врвот во Дирекцијата за јавна безбедност се случи на 10 мај годинава. Низ посетата тој грубо го повредува принципот на пресумпција на невиност, напаѓајќи го ексградоначалникот на Охрид.

Рецензија: Чавков: Има индикации за финансиски криминал и корупција во општина ОхридЛинк до оригиналниот напис: Чавков: Има индикации за финансиски криминал и корупција во општина Охрид

Датум и време на објавување: 27.05.2013, 13:41:25

Датум на рецензирање: 29.05.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Авторот на текстот само ги пренесува изнесените ставови на човекот кој има ранг на прв човек на ЈБ, без да се навлезе во таа нова практика која пред сè значи притисок врз правосудните и истражни органи, бидејќи Митко Чавков го напаѓа јавно екградоначалникот Петрески за криминал.

„Разговаравме во врска со сомневањата за криминални активности, кои сега се во форма на основи, значи ништо конкретно. Но, тоа е сосема доволно да ги интезивираме нашите активности и да ги продлабочиме истражувањата. Имаме првични информации за финансиски криминал, корупција и така натаму, изјави Чавков по средбата.“

Од ова произлегува дека Чавков нема ништо конкретно, ама сепак држи прес, кој недвосмислено значи закана и недозволиво кршење на пресумпцијата на невиност.

Извори на информации: Изјавата на ексградоначалникот Петрески, по повод оваа посета не ја објави речиси никој, во која тој вели дека постојано бил под финансиски и други контроли на централната власт изминатите години, бидејќи, им бил трн во окото и дека ако имало нешто несовесно во неговото работење, тие уште тогаш ќе реагирале. Алфа исто ака не ја пренесува таа изјава, ниту тој ден, а ниту следните.

Содржајност: Веста пред сè нè остава без елементарна информација зошто е избран Охрид како место за таква нова и секако многу чудна практика на еден јавен функционер кој треба да е пример на внимателно, одмерено однесување, а уште повеќе да се обидува со јавноста да комуницира само околу веќе завршени акции, а не да ги – најавува!

Пристрасност: Овој прилог практично се вклучува во хајката која ѝ претходеше на посетата на Чавков, преку други медиуми во кои се говореше за конкретни трошења на градоначалникот во текот на еден ден (во кафеана, на бензинска пумпа и слично).

Диригираниот пристап на овој начин го следи и известувачот на Алфа, кој значи и претходно имаше мотив и повод да побара изјава од претставници на претходната градска управа.

Коментирање: Самиот напис нема коментари, но пренесува коментари на првиот човек на ЈБ кој не изнесува никакви факти за наводен криминал, дури говори дека „засега и ги нема“, но сепак продолжува да го опишува претпоставеното крими-милје крај езерото.

Квалитет на насловот: Авторот од професионалност можел барем во поднасловот да стави ограда меѓу парадниот настап на Чавков и резултатите од неговата посета!

Фотографија: Написот дава слика на зградата на општина Охрид, како места на идни истражни дејствија.

Заклучок: Она што медиумите по повод ваквата грижа за локалната самоуправа на Чавков требаа да го сторат е да го прашаат дали ќе има посети и во оние општини каде криминалот просто извира од улиците, како што е општината Центар, а каде однапред се потрошени сите пари за две години, на пример.

Рецензија: Чавков: Има индикации за финансиски криминал и корупција во општина Охрид

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести