verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Библиотеката во Бабино – татковина на книгите и спомените

on 8 - 01 - 2014       

bb-000009876-00234-crop-resize

Пред нас се наоѓа текст кој отстапува од секојдневната набиена „дневна агенда“ на новинарството и кој жанровски се доближува до репортажниот дискурс, но нуди и голем број информации и фактографски, едукативен пристап. Преку овој текст е очигледен напорот за осврт на подзаборавените општествено-културни теми.  Сепак, послаба страна е недоволната поврзаност со линкови до изворите или нивна анонимност и воопштеност. Проблематично за текстот е и што тој не дава уверливи докази дека е авторско дело, ниту, пак, дека новинарот самиот вложил труд да го посети местото за кое известува. Во прилог на ова оди и фактот што истиот текст од збор до збор е пренесен и на други медиуми, односно станува збор или за класично препишување или за соопштение од институција која не е наведена.

bbЛинк до оригиналниот напис: Библиотеката во Бабино – татковина на книгите и  спомените

Датум и време на објавување: 02.01.2014, 12:14

Датум на рецензирање: 05.01.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Големиот број факти, прецизноста во изразувањето, односно понудените цифри, му даваат уверливост на изнесеното. Текстот нуди историски времеплов за книжевниот фонд на библиотеката.

Извори на информации: Ова е послабата страна на написот, меѓутоа не е докрај јасно дали изворите не се посочуваат поради тоа што авторот бил во библиотеката и лично се уверил во цифрите што ги изнесува, или пак од немарност. Во одредени делови од текстот се даваат анонимни извори како на пример:

Според нејзините менаџери, благодарение на книгата библиотеката станува возбудлива туристичка дестинација.

Поголема уверливост би се овозможила доколку се цитираат изворите и тие самите преку изјави дадат видување за функционирањето на библиотеката.

Содржајност: Како да издава „лична карта“ на објектот за која пишува, авторот нуди голем број информации за книжевниот фонд, за објектот, за моменталната посетеност, но и за историјата. Ваквиот пристап е едукативен и информативен, насочен кон промоција на подзаборавените објекти од значење и едукација на читателите.

 Коментирање: Во функција на стилот, кој е по малку и литературен, се препознаваат и одредени шаблони, односно клишеа што наликуваат на коментари:

Бабино, ќе речат, постојано чека гости – оние што тргнале, но и оние што се уште не знаат дека се очекувани. Тие треба да бидат подготвени да уживаат во боите на природата и убавината на книгата.

Оригиналност/Плагијат: Истиот текст од збор до збор е објавен на повеќе медиуми од што се претпоставува дека тој е соопштение од некоја институција или, пак, авторски текст за кој не е познат авторот и медиумот што прв го објавил.

Квалитет на насловот: Насловот може да биде поинвентивен и поинформативен што би се постигнало со употреба на активни глаголи.

Фотографија: Фотографијата е информативна доколку се анализира во соодветство со насловот и го покажува објектот во кој е сместена библиотеката. Негативно е што не е наведен нејзиниот автор.

Заклучок: Изборот на темата е за пофалба поради тоа што е несекојдневна. Успешно се актуелизира постоењето на објекти од културно значење. Сепак, за да се придржува до новинарските стандарди авторот треба да се потруди да посочи извори, да обезбеди изјави и со тоа да го обои текстот со новинарски, а не само со енциклопедиско-историски потпис.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, аноними

релевантни

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести