verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Бедно: Опозицијата го направи Хашим Тачи демократ, а тој се сомничи за трговија со органи!

on 29 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-075-Бедно-Опозицијата-го-направи-Хашим-Тачи-демократ-crop-resize

 

Рецензираме текст кој без многу размислување на прво место ги ставил теснопартиските инетреси на владејачката партија во обид да ѝ наштети на опозицијата, не водејќи сметка дека притоа може да ѝ нанесе сериозна штета на државата и да ги наруши доборсоседските односи со Косово, кои, баш во време на објавување на текстот, од страна на вицепремиерот на Косово и министер за надворешни работи, Хашим Тачи, но и од премиерот на Македонија, Никола Груевски, се оценети како мошне добри и успешни.

FireShot Screen Capture #075 - 'Бедно_ Опозицијата го направи Хашим Тачи демократ, а тој се сомничи за трговија со органи!' -Линк до оригиналниот напис: Бедно: Опозицијата го направи Хашим Тачи демократ, а тој се сомничи за трговија со органи !

Датум и време на објавување: 25.01.2015, 12:46

Датум на рецензирање: 27.01.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

„БАБИ И ЖАБИ“

Преку класична замена на тези, направен е обид да се обвини и дискредитира опозициската политичка партија СДСМ, дека наводно го поддржува и прикажува како демократ косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Хашим Тачи. Оваа теза со ништо не е поткрепена, а притоа се истакнува дека тој, всушност, неколкупати е осомничен за тешки кривични дела, меѓу кои и за трговија со човечки органи, што со интервјуто на кое се повикува нема никаква врска. Факт е дека таквите сомнежи се изречени на сметка на Хашим Тачи, но во овој случај се помешани „баби и жаби“ бидејќи интервјуто со него е направено како со вицепремиер на соседна држава и на сосема друга тема, во полза на развојот на добрососедските односи, борбата против радикалните исламисти, ширењето на тероризмот, позиција на албанскиот политички фактор во Македонија… и сосема на периферија на интервјуто слободата на медиумите, која, како што му е поставено и прашањето, не е за фалење ниту во Македонија ниту во Косово. Значи, во интервјуто апсолутно никаде немало збор за сомнежите околу вмешаност на Тачи во трговија со човечки органи, па нема никакво оправдување таа тема да се „вади од нафталин“ и врз основа на неа да се обвинуваат опозициските медиуми дека го допреле дното и Хашим Тачи го направиле демократ.

 

ЗА ШТО ЗБОРУВАЛ ТАЧИ?

Насловот на објавеното интервју е „Косово е регионален лидер во борба против исламскиот радикализам“ и никаде не се спомнува дали е Тачи демократ. Во продолжение на интервјуто во „Слободен печат“, кое го пренеле и другите опозициски медиуми, Тачи зборува за одличната атмосфера со отворена и пријателска дискусија во која поминала неговата средбата со македонскиот премиер Никола Груевски и со политичкиот и државен врв на Македонија. Притоа, централната тема во интервјуто се одличните односи помеѓу двете држави на сите нивоа.

„Мислам дека нашите односи се многу добри и на дипломатски и на политички и на економски план, во размена на стоките, услугите и во движење на луѓето. Македонија е меѓу првите држави кои ја признале независноста на Косово, а Косово силно ја поддржува примената на Охридскиот договор, како и зачлленување на вашата земја во НАТО.“

 

НЕОСНОВАНО ОБВИНУВАЊЕ

Во намера да ја дисквалификува и да ѝ наштти на опозицијата, медиумот ги обвинува опозициските новинари за нешто што апсолутно не е присутно во интервјуто и нема никакви допирни точки со прашањата што му се поставени на Хашим Тачи. Направена е штета, пред сѐ, на државата, бидејќи се добива впечаток дека некој намерно од некаков центар на моќ сакал да ѝ фрли лоша сенка на целата званична посета на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово на Македонија.

„Опозициските медиуми го допреа дното. Тие дури и Хашим Тачи го направија демократ.
Медиумите водени од лица блиски до политичарите од Бихаќка, превземаа беден чекор со цел да ја нападнат македонската Влада, правејќи го примерен политичар, ни помалку ни повеќе- туку Хашим Тачи.

Новинарите, политичарите и медиумите кои имаат за цел да го направат овој политичар херој, ќе беше добро да ја разгледаат неговата политичка позадина и злосторствата за кои се терети.“

 

ПРОМАШЕНА МЕТА

Тезата е многу проблематична, а на читателите не им е објаснето како тоа опозициските медиуми го направиле демократ. Ако тој во интервјуто одговорил така како што одговорил – дека на Косово нема притисоци врз медиумите и дека не е тужен и упасен ниеден новинар – медиумот не може да му ги менува одговорите. Тие се објавени такви какви што се дадени. Ако Тачи изгледа како демократ заради неговите одговори, медиумот тука не може многу да стори.
Без ни еден збор за оценките на односите помеѓу Македонија и Косово, за регионалните проблеми за кои во интервјуто зборува Хашим Тачи, за албанските партнери во власта, без никаква причина широко се подгреани бајатите сомнежи за неговата вмешаност во криминал.

„Косовскиот премиер Хашим Тачи предводел организација што се занимавала со трговија со човечки органи, дрога и оружје. Хашим Тачи не тужел новинари, ама жестоко и со аргументи се поврзува со масакри и трговија со органи.“

Текст со ваква конотација е „промашена мета“ и многу помалку може да ѝ наштети на опозицијата, а многу повеќе може да направи голема штета на добрите односи помеѓу Македонија и Косово. Она што медиумот го кажува се однесува на еден извештај кој е познат. Бидејќи против Тачи досега уште нема подигнато обвинение за делата за кои се сомничи, тој, како вицепремиер на Косово и министер за надворешни работи, слободно патува низ светот. Сомневањата за наведените дела не се причина да не се направи интервју, а нивното подгревање може да биде контрапродуктивно за добрососедските односи и не е во јавен интерес.

Прекршен е членот 16. на Кодексот на новинарите на Македонија.

Новинарот ќе го чува угледот и достоинство на својата професија и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности. Вклучувајќи ги и своите колеги.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести