verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Балканот е традиционален за бракот

on 6 - 08 - 2013       

„Бракот да биде дефиниран во Уставот како заедница единствено меѓу маж и жена, побара во четвртокот владејачката ВМРО-ДПМНЕ, поднесувајќи во Собранието инцијатива за уставни измени. Нив ги најави пратеникот Влатко Ѓорчев, кој појасни дека истовремено со дефинирањето на бракот се предвидува децата без родители да можат да ги посвојуваат единствено брачни заедници во кои има маж и жена, два родитела мајка и татко или самохрани родители. Според Ѓорчев, инцијативата е поддржана од огромно мнозинство граѓани во согласност со традиционалните вредности, па затоа ја побара поддршката за уставните измени и до другите политички партии“.

Ова е воведот во текстот на Дневник, со кој треба да се даде поддршка на оваа иницијатива и тоа преку примери од најконзервативниот дел на Европа, поголем дел од нив и не се членки на Унијата.

Балканот е традиционален за бракот

Линк до оригиналниот напис: Балканот е традиционален за бракот

 

Датум и време на објавување: 02.08.2013 16:32

Датум на рецензирање: 05.08.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Авторот на текстот се повикува на релевантни факти, само што прескокнува во стартот да ја осознае ситуацијата онаму каде што се стремиме (ЕУ, на пример), како и да ја претстави потребата од ваква иницијатива: очевидно се работи за спин кој не произлегува од актуелниот миг, туку со иницијативата за уставна промена како да се сака да отвори полемика (тема) за која би се добиле „поени“ кај поголем дел од гласачкото тело и така да се подигне рејтингот на владеачката партија.

Извори на информации: Така, како извори на информации се користи предлагачот на уставните промени (ВМРО ДПМНЕ), потоа се добива поддршка од традиционално најконзервативните делови на општеството (црквите), потоа од само еден сексолог (и воопшто некој кој и припаѓа на науката, иако тука секако поважни се стручњаците за човекови права и за правото во Унијата). Како опозит се зема мислењето на СДСМ и Хелсиншккиот комитет, колку да се „прошара“ текстот, но да не се изгуби основната нитка:  ставот на ВМРО-ДПМНЕ да надвладее. Посебен проблем е изборот на земјите од каде се вадат примери – Белорусија, Украина, Црна Гора, Србија… Значи, немаме избор од земјите каде општеството зазема други ставови и гласа за поинакви решенија.

Содржајност: Основната замерка на авторот е дека во изборот на соговорниците е направен во стеснување на потребниот видокруг на темата, за која постојат секако  многу релевантни, плурални избори и погледи. Пред се, немаме одговор од аспект на содржајноста зошто постојано се шири (!) кругот на земјите во кои ваквите бракови се признаваат, особено во западната цивилизација, каде белким и припаѓаме, мисловно и културно.

Пристрасност: Со овој текст, кој е доста опширен и привидно шаренолик, добиваме мајсторска пропаганда, бидејќи го немаме мотивот на државата за таква иницијатива. Дали некоја партија и  движење покренале иницијатива во спротивна насока? При ова само бегло се споменува опасноста со оваа иницијатива да се отвори „Пандорината кутија“ и да се влезе во пазарење, иако таа се јавила и пред две години, стои во една полуреченица во овој прилог.

Квалитет на насловот: Самиот наслов ја открива идејата за уставните промени, имено Балканот си е – Балкан, односно Балканот треба да се остане Балкан! Особено е индикативен наднасловот – Искуства од регионот. Како да се настојувало темата да се држи во „сопствениот двор“!

Фотографија: Фотографијата е збунувачка, бидејќи, покажува мајка со три деца и едно на пат! Не е јасно, согласно на насловот, дали Балканот треба да остане подрачје каде жените се машини за раѓање на деца? Имаме ли тука некаков спој на две рекламни кампањи на владата – една насочена против хомосексуалните бракови, а втора во корист на популационата политика. Две во едно…

Говор на омраза: Авторот на текстот и покрај опасноста не влегол во ситуација да поттикнува омраза кон ЛГБТ популацијата, иако останал на позицијата со која се дава прилог во нивното маргинализирање. Доволно е што од таа заедница нема ниту еден соговорник.

Заклучок: Овој прилог посуптилно пропагира една страна, при што нуди повеќе извори на сознанија ама каде, на крајот на краиштата „нашите ќе победат“ во одмерување на ставовите. Ако ја нема целата вистина во еден текст, тогаш ја нема и вистината.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести