verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Бакрачески ги кара медиумите, а бил на викенд во Грција

on 11 - 08 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Бакрачески-ги-кара-медиумите-а-бил-на-викенд-во-Грција-crop-resize

Кон средината на осумдесеттите години во екс-Југославија економско-политичките прилики почнаа да стануваат се полоши. Колективното раководство од „стар ков“ не ги признаваше лошите вести. Една анегдота вели дека  кога на некој состанок на државниот врв биле изнесени анализите и проценките на странските агенции и медиуми за состојбата во СФРЈ, некој од раководителите прашал чија е таа анализа. „Па, на Ројтерс“. „Сопрете го тој Ројтерс“, рекол анонимниот раководител на овој епохален „кризен менаџмент“.

На оваа анегдота деновиве не потсети охридскиот градоначалник Бакрачески. Градот под неговиот менаџмент е ОК, само не чинат медиумите.

Бакрачески ги кара медиумите  а бил на викенд во ГрцијаЛинк до оригиналниот напис: Бакрачески ги кара медиумите, а бил на викенд во Грција

Датум и време на објавување: 07.08.2014

Датум на рецензирање: 08.08.2014

Рецензент:Стојан Синадинов

Пренесувањето на прес-конференцијата на охридскиот градоначалник во овој текст е коректно задржување на главните поенти. За градоначалникот еден од главните виновници за просечната или лоша туристичка сезона се медиумите:

„Ваквиот апел доаѓа бидејќи, според Бакрачески, немало ден, а во некој од медиумите да не се објавел тенденциозен и некоректен прилог, во кој неосновано се критикува Охрид. Од друга страна, според него, цело лето во медиумите немало афирмативен прилог со кој би се промовирале туризмот во градот, неговите вистински вредности и предностите во однос на селцата и населбите во Грција, каде што летуваат најголем дел од македонските туристи.“

Но, за разлика од другите медиуми, кои опширно, до последен збор, ги пренесуваат „клеветите“ на охридскиот градоначални, овој текст нуди и контрааргумент:

„На прашање дали пред неколку дена, во екот на туристичката сезона во Охрид, бил на годишен одмор во Грција, градоначалникот одговори: “Да, бев два дена во Грција. Она што е за респект во Грција, Хрватска и во другите соседни земји се добрите острови, топлата морска вода, убавите ресторани. Јас не сметам дека треба да ги стимулираме граѓаните да не одат онаму каде што решиле да го поминат годишниот одмор”, изјави градоначалникот Бакрачески.“

На овој начин е неутрализирана пристрасноста на градоначалникот, кој ги обвинува медиумите за нешто што е дел од описот на неговата функција, па на виделина излегуваат контроверзите на неговите ставови. Испаѓа дека според статистиките на охридските челници добро им оди сезоната, пораснал бројот на странски туристи (иако опаднал бројот на домашните), ама проблемот е само со медиумите кои имаат негативен став кон оваа туристичка дестинација заради цените и условите.

„Тој додаде дека “Охрид има и недостатоци, мани и грешки во организацијата во летната сезона, на кои ние интензивно работиме”, но “издржаните критики ги прифаќаме, а не оние кои се невистинити и со кои се прави штета на градот”. Тој смета дека поради таквите пишувања, намален е бројот на домашни туристи, а е зголемен бројот на странските. “

Кратко кажано, негативниот коментар е со негов потпис.

Насловот на текстот е јасен, соодветен и доволно информативен за да ги отслика и двете страни на проблемот со лошата туристичка сезона во Охрид.

Не го убивај гласникот“, вели една поговорка, бидејќи веста која не ви се допаѓа, вака или онака, сепак ќе пристигне. Односите со јавноста како дел од кризниот менаџмент, колку што подразбираат решавање на проблемите, толку подразбираат и партнерство со медиумите. Владата, ете, со години истура пари за туристичка промоција на Охрид (и Македонија), а нејзиниот прв човек во Охрид ги кара медиумите дека биле виновни за лошиот резултат на годинешната туристичка сезона.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор и извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести