verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: „Аурора“ доби награда за најдобар спа и ресорт хотел на Балканот

on 9 - 03 - 2014       

aurora-098098076-crop-resize

Пред нас е текст, кој според анализите е целосно невистинит. Притоа, не се знае дали текстот е подготвен по пристигнато соопштение или авторот „стигнал“ до информацијата на своја рака.

За да се провери овој текст потребно е повеќе време, затоа што во него е спомената организација која во својот делокруг на дејствување важи за една од најдобрите и најпрестижните во светот. Тие имаат и свој веб сајт на кој точно може да се провери и за тоа кој бил номиниран и кој добил награда, па затоа во најмала рака е чудно, ако не и тенденциозно, зошто бил напревен овој „лапсус“. Или ако веста имала намера да биде прикриен платен рекламен текст, морало да се напомене дека се работи за ЕПП. Во спротивно целиот текст се смета за манипулација, груба невистина, а задира и во сферата на манипулација со рекламите и бизнис политиката на медиумот.

auroraЛинк до оригиналниот напис: „Аурора“ доби награда за најдобар спа и ресорт хотел на Балканот 

Датум и време на објавување: 02.03.2014, 18:54

Датум на рецензирање: 07.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПРОВЕРЕНА НЕВИСТИНА

Целиот текст е невистина во однос на добитникот на награда за Балканот. Инаку, настанот навистина се случил и навистина така се вика организацијата и навистина се случил во наведениот хотел во Лондон.

„На овој настан му претходеше едногодишно селектирање на најдобрите хотели во светот поделени во неколку региони како Азија и Австралија, Блискиот Исток, Африка, Северна и Јужна Америка, Западна Европа и Скандинавија, Источна и Централна Европа. Професионалното жири тајно испраќа гости и анонимни посетители кои ги анализираа местоположбата, материјалите од кои е изграден објектот, квалитетот на услугата, професионалниот однос на персоналот, условите во спа-центарот и слично. Се доделуваа награди во две категории, за спа-хотел и спа-дестинација“, вели Сирачевски.

Ова е пасусот кој најверојатно е единствениот вистинит во текстот и е преземен од веб страницата на оваа организација.

И најбитното за овој текст, на овој линк се гледа дека посочениот спа-центар воопшто не бил ниту номиниран за награда, а не, пак, за престижна награда.

 

НИТУ GOOGLE, НИТУ SEARCH

За информација се користи изјава од директорот на спа центарот, но и по повеќепати прелистување на веб страницата на оваа организација не може да се најде името на директорот на ниту едно место. Пробавме информацијата да ја потрвдиме и преку Гугл, но и тоа не даде резултати. Ниту на страницата на организацијата во Search не дава никакви информации, ниту за името на спа центарот, ниту за директорот.

Текстот како да е работен на пример за Mandara Spa at Lotte Hotel Moscow, Russia, кој победи во категорија од Источна Европа. Само променети се имињата на добитниците на наградата.

 

БЕЗ ФОТОГРАФИЈА СЕ ЗАСИЛУВА СОМНЕЖОТ

Не се знае дали текстот намерно е пристрасен или за тоа не бил информиран ниту авторот, иако задолжително требало да се провери информацијата. Нели тоа е основно и прво правило во новинарството? Нема коментирање, освен во изјавата на директорот, што секако е дозволено. Текстот е оргинален, со потпис на авторот.

Насловот би бил целосно коректен доколку е така или доколку името на спа ценатрот е ставен некој од хотелите кои победиле во своите категории. Вака текстот целосно дезинформира.

Нема фотографија од настанот, иако на веб страницата на организацијата има фотографии од победниците, како и во мартовското издание на списанието за велнес и спа центри. Ова уште повеќе го засилува сомнежот дека нешто не е во ред со текстот.

Не е испочитувано првото правило да се провери информацијата. Соговорникот може да каже и да изјави сѐ, но на новинарот останува да провери дали е тоа така.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

несоодветен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести