verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Андреј Жерновски да го прочита големиот Блаже Конески

on 7 - 06 - 2013       

И Блаже Конески „аргумент“ во одбраната на црквата од „лошиот“ градоначалник Жерновски.

Рецензија: Андреј Жерновски да го прочита големиот Блаже КонескиЛинк до оригиналниот напис: Андреј Жерновски да го прочита големиот Блаже Конески

Датум и време на објавување: 06.06.2013, 21:10

Датум на рецензирање: 07.06.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Дел од наводите во написот на Република, се очигледни факти – тие поврзани со протестот против Жерновски и секако, тврдењето дека „Марков Манастир“, песната која е пренесена во текстот, е една од најубавите на поетот Блаже Конески.

Други наводи, пак, како тврдењето дека песната се однесува на „важноста на градење на нови цркви“, е интерпретација, чија точност не може да се утврди. Обратно, во оваа анализа ќе понудиме друга, посериозна интерпретација на овие стихови.

Извори на информации: Еден од посуштинските проблеми на овој напис, кој претендира да ги толкува стиховите на Конески во контекстот на еден актуелен конфликт од политичка природа, е што не се темели на извори.

Во текстот, додуша, се спомнуваат извори како „еден од демонстрантите“, „предговорот на песната“ и „познавачи на неговото дело“, но не се кажува поконкретно ниту кој е демонстрантот, ниту за чиј предговор станува збор и кои се тие познавачи на кои се повикува интерпретацијата на стиховите.

Содржајност: Постојат повеќе и посериозни интерпретации на спомнатите стихови на Конески, кои овде, веројатно поради отсуство на поамбициозно истражување, не се спомнати. Тоа го прави текстот несеопфатен.

Пристрасност: Текстот очигледно е наклонет кон поддршка на демонстрантите против наводните планови на Жерновски да ја забрани изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Бидејќи станува збор за првостепено политичко прашање, зборуваме за политичка наклонетост.

Но, она поради што го анализираме овој напис, е несекојдневниот спин што тој го носи со себе. Имено, на Жерновски му се препорачува да го прочита големиот Блаже Конески, бидејќи во песната, која неспорно е поттикната од народната легенда за Марковиот манастир, според авторот, се зборува за „важноста од градење на нови цркви, за да се одржи духот на нацијата“.

Сметаме дека ова толкување на стиховите на Конески е непрецизно и несоодветно, бидејќи го запоставува не само метафоричното значење на поимот „градење црква“ во македонската духовност, туку и врската на метафорите на Конески со прашањето на гревот. Впрочем, како доказ за ова, еве едно поинакво, многу посериозно толкување на овие стихови – „Марковиот манастир“ на Блаже Конески – визија за меланхоличен свет.

Квалитет на насловот: Насловот е тенденциозна порака, поврзана со клучниот спин во текстот, за кој веќе стана збор. Напишан е во императив, невообичаен за наслови.

Заклучок: Деновиве прочитавме многу коментари и спинови во врска со конфликтната тема за црквата во изградба во центарот на Скопје, но мора да се признае дека ова е апсолутно најоригиналниот.

Доброто во ова е што на Конески му се признава неговата големина (во минатото, во други медиуми и од други личности, можевме да прочитаме изјави во кои македонскиот колос се нарекува „џуџето од Небрегово“) и што во овој текст, без оглед на спинот, читателот може да ужива во прекрасните, емотивни стихови на нашиот поет.

Рецензија: Андреј Жерновски да го прочита големиот Блаже Конески

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести