verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Анализа: Жерновски од 183 настапи, 148 пати обвинувал и политички се пресметувал, а само 25 пати говорел за проекти

on 3 - 12 - 2014       

zernovski-09876-0987-crop-resize

 

Овој текст се темели на наводи за кои тешко може да утврди дали се вистинити. Повеќето информации во него се со сомнителна веродостојност, а се гледа дека се пласирани само со една цел – да се оцрни градоначалникот на општина Центар.

Овој текст, инаку, е некој вид досие за видот на говорите на градоначалникот Андреј Жерновски, што се користи како „аргумент“ за дисквалификација на неговото политичко и уставно загарантирано право на слобода на изразување. Сето тоа се прави на начин што на сметка на негативните зборови за градоначалникот Жерновски и со негово оцрнување, се фали неговиот скопски колега Коце Трајановски. И, секако, тука се мешаат баби и жаби. Двајцата градоначалници уште од почетокот се ставаат во нерамноправна битка. Настрана фактот што не може да се споредуваат проекти на општина со оние на Градот Скопје, поради тоа што имаат различни ингеренции, различни и поинакви буџети, текстот „заборава“ и дека Жерновски, меѓу другото, е и претседател на една опозициска партија. Поради тоа тој не само дека има право, туку има и обврска да говори за неуспешните и лоши проекти на власта.

zernovskiЛинк до оригиналниот напис: Анализа: Жерновски од 183 настапи, 148 пати обвинувал и политички се пресметувал, а само 25 пати говорел за проекти

Датум и време на објавување: 30.11. 2014, 11:17

Датум на рецензирање: 01.12.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

БЕЗ ИЗВОР

Текстот сака да нè увери во нешто со тоа што ќе каже само дека така зборуваат „податоците“. Кои податоци, од каде, на кого, никаде до крајот на текстот не се споменува.

Згора на сè, во целиот текст се зборува и за споредбена анализа, ама исто како со податоците, нема ниту еден податок за видот, начинот на која е изведена, ниту има нешто за методологијата на анализата.

„Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски најголем дел од времето во својот мандат го посветил на пресметки и обвинувања кон актуелната власт, а многу мал дел за позитивни теми од кои главна придобивка ќе имаат жителите на општината со која раководи. За разлика од Жерновски, сосема поинаква е ситуацијата со градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.“

Ако не се пишува за проектите на Општина Центар, тоа не значи и дека не се случуваат. Овој медиум, градоначалникот на скопската општина го спомнува само во негативен контекст, кога сака да го омаловажи и да му нанесе политичка, а и морална штета. Никогаш досега (или многу ретко) објавувал текстови за проекти кои Општината ги реализира. Сепак, тоа не му дава право да тврди дека ништо не се работи.

Инаку, само ако се отвори веб-страницата на Општината, можат да се видат сите реализирани проекти и оние кои се во тек. Затоа, слободно може да се каже дека оваа теза веднаш паѓа во вода.

„Меѓу другото, тој во своите настапи на повеќе пати се закануваше и со тужби до медиуми, поради клевета, како и со протести против притворот на Мирослав Шиповиќ, а во втората половина од оваа сага времето го посвети на откривање на кртови во сопствените редови кога на прес конференција излезе и кажа дека некој во Советот на Центар ќе биде издајник, мислејќи токму  на Шиповиќ.“

Навистина е смешно да се обвинува дека Жерновски се заканувал со тужби кон медиумите, кога и врапчињата знаат дека власта има десетици тужби кон новинари.

 

ХАЈКА ЗА БАРОКОТ

„Во изминатите 19 месеци, првиот човек на Општина Центар најголемиот дел од медиумските настапи ги посветил на обвинувања за проектот Скопје 2014 и најава за ревизија, од која ништо конкретно не произлезе. Експертите кои ги ангажираше Жерновски пронајдоа само процедурални и технички пропусти во постапките.“

Кога некој ќе каже нешто против „Скопје 2014“, тогаш веднаш против него се врши медиумска хајка, затоа што се обидел да критикува нешто што не им се допаѓа на многумина.

Жерновски е политичар и лидер на опозициска партија. Поради тоа тој има целосно право да говори против проекти кои смета дека не се добри и се на штета на граѓаните. Зошто би било спорно тој да го критикува проектот „Скопје 2014“? На крајот на краиштата, тој е политичар и има и право и обврска да гикритикува и обелоденува сите неправилности.

Во текстот недостигаат информативната компонента, нема кредибилни извори, се омаловажуваат поединци. Ова е уште еден текст за градоначалникот Жерновски, кој во медиумите што ги бранат политиките на власта, постојано наоѓаат место.

Уште во самиот наслов се забележува тенденцијата кон коментаторски пристап.

Овој напис не ја „открива Америка“ и е уште еден од низата во црната кампања против градоначалникот на скопската Општина Центар. Во овие напади не се штедат спинови и неодмерени критики, а често има и директни навреди. Написот, пак, особено насловот, сака да го убеди читателот во лошите постапки и манири на градоначалникот. Иако повеќепати сме пишувале за вакви шпекулативни, политички мотивирани написи во кои вистината не наоѓа место, сепак и понатаму има медиуми во кои се „инсистира“ на нив. Но, иако сме кажале, нема шета да повториме дека тие се косат со новинарскиот кодекс.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести