verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Ана Данева со две плати: На факултет ја плаќаат за да предава – во Собрание за да го бојкотира

on 11 - 06 - 2013       

Народот го плаќа мандатот, а не работењето на пратеникот – никој не смее да го оспори неговото право да бојкотира.

Рецензија: Ана Данева со две плати: На факултет ја плаќаат за да предава – во Собрание за да го бојкотираЛинк до оригиналниот напис: Ана Данева со две плати: На факултет ја плаќаат за да предава – во Собрание за да го бојкотира

Датум и време на објавување: 31.05.2013, 00:30

Датум на рецензирање: 31.05.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Сите наводи во написот на Прес 24 за пратеничката Ана Павловска Данева се точни. Освен можеби последниот, дека таа воопшто не доаѓала на работа – за „доаѓање на работа“ не се смета само присуството на седниците на парламентот.

Извори на информации: Написот се потпира на соопштение на Комисијата за спречување на корупција, која е официјален и релевантен извор за темата. Сепак, за да се постигне нужната избалансираност, неопходно било да се побара изјава од пратеничката.

Содржајност: Евентуалниот исказ на засегнатата пратеничка можеби би исфрлил на виделина аргументи кои ѝ одат во прилог. Освен тоа, неопходно е и објаснување за тоа дали таа била вработена како управител во приватна фирма, или била во тоа својство, но не била вработена – од аспект на оваа приказна, тоа е суштински важно.

Пристрасност: Текстот е препознатлив по еден класичен спин-коментар, кој се содржи и во насловот и во текстот. Станува збор за тврдењето дека пратеничката Павловска Данева ја плаќаат „за да го бојкотира Собранието“.

Пратеничката е носител на мандат доделен од народот и нејзината функција (а не работа) е платена. Иако владејачкото мнозинство се обидува да воспостави нова пракса, спротивна на Уставот, пратеничката има легитимно право да ги бојкотира седниците на Собранието и на неговите тела – тоа не може да биде основ ниту да ѝ се одземе мандатот, ниту да ѝ се оспорува платата.

Квалитет на насловот: Тенденциозниот спин насочен против Павловска Данева, содржан во насловот, може да доведе и до забуна и нејасност кај тие што можеби нема да ја сфатат иронијата.

Говор на омраза: Иако написот оддава впечаток на неодмерена критика кон засегнатата пратеничка, сметаме дека јавната функција ја обврзува да го подигне прагот на чувствителност и ваквите спинови да не ги смета за лични навреди.

Заклучок: Критиката на сметка на пратениците кои ја бојкотираат работата на парламентот и на неговите тела е популарна, но таа сепак се коси со духот на Уставот.

Авторот, бездруго, нема обврска да се приклони кон ова наше толкување и е слободен на работите да гледа од свој агол, но се чини дека било пристојно да се обиде да добие исказ од пратеничката Ана Павловска Данева.

Рецензија: Ана Данева со две плати: На факултет ја плаќаат за да предава – во Собрание за да го бојкотира

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести