verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Акција „Јустиција“- Уапсени 14 судии за проневера на 1,3 милиони евра

on 13 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-030-ALFA-TV-www_alfa_mk_News_aspx_ID83238_VDq3HhZh56Z-crop-resize

Новинарот мора да води сметка за терминологијата кога опишува некој настан, доколку сака тоа верно да ѝ го претстави на публиката. Во овој случај целиот настан и веста за апсењето на 25 лица од Судот за прекршоци е пренесена коректно повикуваќи се на изјавата на министерката за внатрешни работи. Но, проблемот е во насловот каде е употребен погрешен термин за кривичното дело за кое судиите и нивните соработници се осомничени дека го направиле во периодот од 2012 до 2013 година.

FireShot Screen Capture #030 - 'ALFA TV' - www_alfa_mk_News_aspx_ID=83238#_VDq3HhZh56ZЛинк до оригиналниот напис: Акција „Јустиција“- Уапсени 14 судии за проневера на 1,3 милиони евра

Датум и време на објавување: 08.10.2014 17:31

Датум на рецензирање: 12.10.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ПРОНЕВЕРА И НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ НЕ Е ИСТО

Насловот со кој е најавен текстот го наведува читателот на погрешно мислење за стореното кривично дело: „Акција „јустиција“- Уапсени 14 судии за проневера на 1,3 милиони евра“.
Според правно толкување на зборот проневера означува: „Кривично дело кое се состои во противправно присвојување на пари, хартии од вредност или подвижни предмети кои му се доверени на некое лице при обавување на служба“.

Во овој случај осомничените противправно, со своето несовесно работење ѝ направиле штета на државата во вредносст од 1,3 милиони евра. Значи, во насловот е обајавено нешто што не е вистина. Тие ниту проневериле, ниту се обвинети за проневера на 1,3 милиони евра.

Во текстот се работи за намерно или случајно извртување на факти во насловот што на целата информација ѝ дава сосема друга содржина дека „Уапсени 14 судии проневериле 1,3 милиони евра“ . За да се оквалифукува делото за кое се осомничени како „проневера“, требало парите да ги стават во џеп. Тоа, како што се гледа понатму во текстот, не го сториле, туку „се осомничени за несовесно работење со што ја оштетилое државата за повеке од 1,3 милиони евра“. Да е така најавено во насловот, веста не би изгубила ништо од својата ексклузивност, а читателите би добиле точна информација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести