verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: АЕК ќе гради 155 метарска телекомуникациска кула

on 16 - 10 - 2013       

aek-kje-gradi-155-meta-crop-resize

Вовед: Главна вест во попладневниот дневник за почетокот на изградбата на антенската кула која ќе биде висока 155 метри, чија изградба ќе чини 17,6 милиони евра и ќе биде два пати повисока од Милениумскиот крст, повисока од висококатниците во Аеродром. Главниот акцент во информацијата е ставен на нејзината атрактивност и привлечност за многубројните туристи. „Тоа ќе биде атракција која ќе привлекува многу туристи, со неа Скопје ќе добие своја туристичка препознатливост“. 

Потребата од нејзината изградба медиумот ја  „образложил“ со фактот дека ваквите кули се симбол на многу познати градови ширум светот и претставуваат  „магнет за туристите и посетителите“.

Во последата реченица е информацијата за нејзината телекомуникациска функција и контрола на емитувањата од радиодифузерите, операторите и авијацијата.

FireShot Screen Capture #035 - 'АЕК ќе гради 155 метарска телекомуникациска кула I Сител Телевизија' - www_sitel_com_mk_mk_aek-kje-gradi-155-metaЛинк до оригиналниот напис: АЕК ќе гради 155 метарска телекомуникациска кула 

Датум и време на објавување: 10.10.2013  17:24

 Датум на рецензирање: 15.10.2013

 Рецензент: Александар Писарев

 Вистинитост: Во вистинитоста на пласираната информацијата не би требало да има сомневање, бидејќи таа е извештај од почетокот на изградба на новиот објект на Водно. Се потпира и на опширна изјава на премиерот на Македонија, Никола Груевски, дадена во таа прилика. Она што авторот не се потрудил да истражи и да соопшти е информацијата дали изградбата на ваков објект е вистинска потреба на граѓаните на Македонија.

Извори на информации: Информациите се собрани на лице место каде е означен почеток на изградбата на овој објект. Извори на информации се Агенција за телекомуникации на Република Македонија како инвеститор и премиерот на Макеоднија, Никола Груевски, кој во таа прилика дал поопширна изјава за значењето на овој објект.

Содржајност: Текстот е еднодимензионален и не се обидува да навлезе во сложеноста на широката лепеза на денешните можности за пренос на информации со нови системи за телекомуникации. Не го поставува прашање на анахронизам при одлука за негова изградба, а најмногу се задржува на неколку реченици од премиерот Груевски.

Во содржината го немаме најважниот дел, експертското мислење за нејзината телекомуникациска функција во ера на нови можности за пренос на информации – слика и звукот. Така, целата содржина на веста излегува од контекстот на потреба за изградба на телекомуникациски објект и се сведува на пропаганда за потребата од изградба на уште еден споменик на градителските амбиции на Владата: „Ваквите кули се симбол на многу познати градови ширум светот, како Виена, Канбера, Токио“, со што ја оправдува скапата инвестиција од 17,6 милиони евра од парите на граѓаните. Од содржината може да се заклучи дека е најважно Скопје да добие нов „туристичко-угостителски споменик“.

Пристрасност:  Од ова произлегува и пристрасност кон Владата и одлуката на АЕК, која е владино тело, без да се побара одговор на прашањето како во една крајно сиромашна земја Владата ѝ одобрува на своја агенција вака скапа инвестиција, чија оправданост може во секој момент да се доведе под знак прашалник.  Авторот требало да побара одговор на ова прашање со оглед на тоа што рабтоти за трошење на парите на граѓаните за инвестиција која „ќе биде атракција за туристите и посетителите и со која Водно и Скопје ќе добијат плус на својата туристичка препознатливост“. Небаре се работи за инвестиција на Туристички сојуз на град Скопје, е не на државна Агенција за телекомуникации.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е потпишан како авторски, но начинот на кој се презентирани информациите во него повеќе наликува на пренесен говор на политичар и парафразирано соопштение без видливи обиди авторски темата да се истражи.

Квалитет на насловот: Насловот е долг и описен. Јасно најавува што тоа ќе гради АЕК. Ваков наслов би можел да биде и вест сама за себе, или најава на вест.

Заклучок: Ваквата вест за почетокот на изградбата на телекомуникациска кула би била атрактивна пред најмалку половина век, кога всушност се изградени првите телекомуникациски кули за експериментални ТВ програми, во Токио 1958, во Виена 1964 година, Берлин и Авала кај Белград 1965 година и претставувале маниризам во тогашната современа архитектура. Тие денес претставуваат главно панорамски видиковци, симболи на овие градови и туристичко-угостителски објекти.

Во темата недостасува истражувачка амбиција на авторот. Можел да направи мало истражување и да ја прошири информацијата со податокот дека изградбата на вакви објекти денес претставува анахронизам. Последни вакви телекомуникациско-туристичко угостителски кули се изградени во првата половина на шеесетите години на минатиот век.

Во темата недостасува експертско мислење за потребата од изградба на ваков објект  и нејзината телекомуникациска функција.  Акцентот е ставен на изјавата на премиерот Никола Груевски за нејзината идна туристичка валоризација: „Новата препознатливост на Скопје и Водно“. Во текстот преовладува акцент на туристичко угостителска функција на овој скап објект, а не ја гледаме неговата телекомуникациска функционалност.

Во последната реченица во која авторот сака да ни ја објасни телекомуникациска потреба од изградба на овој објект ништо не е јасно. Што ќе се контролира, што ќе се емитува и што и како ќе се наведува во авиосообраќајот. Тука недостасува експертско мислење.

Авторот не ја истражувал темата па не знаеме дали намерно или случајно е изоставена  информацијата дека ваквите кули биле во функција до осумдесетите години на минатиот век кога радиодифузерите сè уште користеле средни бранови, а телекомуникацијата се одвивала на кратка бранова должина.

Во текстот нема одговор што денеска ќе се контролира од ваквата кула кога телевизискиот и радио сигнал се пренесува дигитално, користејќи оптички и други кабли, интернет и мобилна телефонија, а локалните радија користат ФМ сигнал што се  простира само до хоризонтот, па оваа кула не може да контролира она што е надвор од нејзиниот видокруг. Нелогично е авијација да се контролира од оваа кула, бидејќи таа работи на строго дефинирани фреквенции одредени според меѓународните прописи кон кои производителите на опрема строго се придржуваат и не дозволуваат промена на фреквентните подрачја.  Нелогично е и технички невозможно дека од истата кула ќе се контролираат и приемни и предајни фреквенции како што тоа е пренесено во информацијата. Одговор на овие прашања авторот требало да побара од експертите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести