verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензии: Во повеќе општини во Македонија во вторник нема да се штрајкува

on 21 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

КАНАЛ-5-Телевизија-strajk-crop-resize

 

Спроти најавите на СОНК – мнозинскиот синдикат во областа на образованието, предучилишното воспитување и културата – дека од 20 јануари нивните членови нема да работат, односно ќе стапат во штрајк, многу наши медиуми објавија прилози во кои негираат дека ќе има прекин на наставата и се повикуваат родителите да ги испратат децата на настава. И ова е еден таков прилог, кој почна да се емитува во неделата доцна попладне, но и преку целиот следен ден. Сознанијата во овој текст се еднострани и се засноваат врз фактори кои не се релеватни, во крајна линија, за процесот на образованието, додека оние кои се најрелеватни по ова прашање никаде ги нема.

Линк до оригиналниот написВо повеќе општини во Македонија во вторник нема да се штрајкува

Датум и време на објавување: 15.01.2015, 12:09

Датум на рецензирање: 17.01.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Градоначалниците на Битола, Свети Николе, Кочани, Крушево, Македонски Брод, Дебрца, Босилово, Демир Хисар… на средби со директори на училиштата биле информирани дека нема да биде поддржан најавениот штрајк на СОНК и оти наставата во второто полугодие ќе почне во вторник, по завршувањето на зимскиот распуст.“

Текстот со мали или никакви измени се појавува во неколку медиуми, што сугерира дека се работи за текст лиферуван од еден извор, кој никаде не е назначен(!). И во тој анонимен извор, единствена потпора на сознанија се градоначалниците на населени места. Проблемот е во тоа што нивната надлежност над образовниот процес е многу мала и повеќе е врзана за кадровската политика (избор на директорите). Понатаму, во земјава има повеќе од 80 општини, па ова заморно набројување се запира по десетина општини, чии градоначалници „гарантираат“ дека второто полугодие ќе почне нормално.

Најважно во овој случај е отсуството на организаторот на штрајкот во каква било форма(!), што би бил логичен чекор по кој би го направил прилогот секој новинар во светот.

Дека тука нема ништо случајно, говори и следниот прилог на оваа телевизија на тема штрајкот на СОНК, каде одново нема претставник на Синдикатот во извештајот, а не е емитувано ниту соопштението на оваа организација.

Овој прилог, како ним сличните, фабрикува посакувани ситуации, а ја нема вистината. Се знае како се доаѓа до неа.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

Фотографија покажува сцена од висообразовна установа, која не е предмет на штрајкот

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести