verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензии: Катар најавува поинтензивни бизнис активности во Македонија

on 18 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски

Катар најавува поинтензивни бизнис активности во Македонија-crop-resize

 

Колку пати треба да се посети Катар од некој од нашите врвни политичари за да се добие некоја нивна инвестиција? И колку пати треба некој од нивните официјални лица да дојде во Скопје за да се развијат потенцијалните економски врски? Ова е логично прашање кога и деновиве се читаат извештаите од Катар, во кои стои дека шефот на македонската држава, Иванов, заминал во оваа земја на Заливот. Јасно е дека како голем љубител на спортот, отишол да навива за македонската ракометна репрезентација. Не е јасно што е со онаа другата цел, која добива апсолутен приоритет во новинарските јавувања – развојот на меѓусебните економски односи. Со оглед на големиот интензитет на посети на нашите политичари во оваа земја, од еден известувач треба да се очекуваат малку попрецизни информации на темата – ние и Заливот.

Катар најавува поинтензивни бизнис активности во МакедонијаЛинк до оригиналниот напис: Катар најавува поинтензивни бизнис активности во Македонија

Датум и време на објавување: 15.01.2015 12:09

Датум на рецензирање: 17.01.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Иванов оствари средба и со шеикот Калифа бин Јасим Ал Тани, претседател на катарската стопанска комора. На средбата беа разменети информации за можностите и интересот за интензивирање на економската соработка. Претседателот Иванов ги претставил поволностите што странските инвеститори ги имаат во Република Македонија, а претседателот на катарската стопанска комора ветил дека наскоро ќе испрати тим во Република Македонија за испитување на можностите за економска соработка, и истакна дека ги очекува заинтересираните македонски компании во Доха.“

Ако се обидете да прелистате малку постари вести од вакви посети и ги поставите во низа, лесно можете да воочите дека сите нови извештаи се безмалку „копи пејст“ на постарите и дека читателот, кога е Катар во прашање, се наоѓа во некаква вртелешка од која лесно се врти во главата.

Средбите на највисоко ниво почнаа во 2011 година, кога на високиот гостин му дадовме листа на 20-тина фирми за кои сме заинтересирани да бидат преземени или да се воспостави партнерски однос. На ниту едно од тие барања по дводневнта псоета на шеикот Хамад бин Калифа ал Тани не е добиен одговор по пристојно време. Не е познато дали, на пример, кога премиерот го посетил Катар во март 2012 година, како што јавува Кабинетот на Груевски и се сретнал со истите луѓе и говорел за истите работи, имало нешто конкретно од таа понуда.

На почетокот на 2013 година имаше најава дека во март 2013 кај нас доаѓаат Катарци со амбициозни планови за соработка, откако претходно нашиот претседател Иванов бил во Заливот и разговарал за истите науми на сопствениците на голем неискористен капитал. Пак, се разбира, по ист повод, го имаме Иванов, па министерот Сарачини, кој на Катарци „им го продаде“ ЕЛЕМ, Попова Шапка и низа други објекти….

Зошто ги споменуваме овие работи? Заради фактот што еден извештај за економска соработка мора да биде и спој со минатото (кое формално е интензивно по контактите) и на иднината, која ја дава вистинската смисла на овие посети, а не да се сведува сѐ на начални белешки за нашите одлични односи. Од новинарите, исто така, се очекуваат докази, разговори за конкретни теми и предлози. Ако тие односи не се добри, треба да добиеме одговор од која причина нашите понуди не се прифаќаат и што стои како пречка? Вака, излегува дека и за новинарите овие посети на Катар биле само шанса да направат копија на старите прилози! И секако – да посетат некој натпревар на нашата ракометна репрезентација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Се работи за новинари во состав на официјалната делегација

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Новинарот ја оправдува посетата на шефот на државата без да образложи која е користа

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести