verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензии: Греењето изминатата годинава беше проблем за училиштата

on 9 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Alfa drva ucilista-crop-resize

 

Кризата што ја зафати земјава пред и за време на новогодишните празници поради неспремност на неколку фактори да одговорат и на не толку големиот предизвик во форма на прв снег и голомразица, неминовно стана вест број еден во нашите медиуми. Кај дел од македонските медиуми вината се префрли на оние фактори каде раководни луѓе се претставници од коалициониот партнер во власта – ДУИ. Забележливо беше дека еден од оние кои посебно беа на удар беше и кичевскиот градоначалник, кому овде му е стокмен прилог кој го напаѓа за судените училници. Дали истиот има смисла со оглед на датумот кога е објавен и со оглед на фактот што проблемите со греењето на училиштата се застапени практично во целата земја?

Alfa drva ucilista-finalЛинк до оригиналниот напис: Греењето изминатата годинава беше проблем за училиштата

Датум и време на објавување: 04.01.2015, 16:12

Датум на рецензирање: 05.01.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Без греење беа двете основни кичевски училишта ’Кузман Јосифовски – Питу’ и ’Владимир Полежиноски’ , а околу 1.200 ученици цел месец седеа дома. Ладни училници имаше и во училиштата во Струга. Родителите се жалеа дека во дел од нив нема ни струја, таму часовите беа скратени. Незадоволните родители излегоа на протест, бараа решение од локалната власт.“

Иако во воведот на текстот се говори дека грејната сезона почнала со проблеми во многу училишта во земјата, што сугерира и насловот, се одбираат две општини – Кичево и Струга, каде, по коинциденција, градоначалници се Албанци. За да се актуелизира тој проблем, на начин на кој тоа е овде направено, треба да ни се образложи дали токму таму ситуацијата е најлоша и потоа веројатно изнесените неколку бројки би ги зеле како најдраматични.

Зашто и во општината каде територијално припаѓа телевизијата која го емитува прегледот – Карпош, ситуацијата со греењето на основците е драматична, дури и кај градинките, како што е јавено овде  и во други медиуми и тоа неколкупати, ама тоа не се согледува во контекстот кој се поставува. Селективноста е присутна според (не)омиленоста на градоначалниците бидејќи исклучување струја заради неплатени сметки на училиште имаше и во Охрид, како што е јавено овде.

Ова е само пример кој кажува дека не се мислело на проблемот како таков, туку, можеби, се настојувало да се рашират неволите во земјата со зимата на нови ситуации, па да попушти притисокот на јавноста кон МЕПСО и кон ЕВН, да речеме. Впрочем, учениците се на распуст од 30 декември до 20 јануари и во мигот греењето не е актуелен проблем. Добро е медиумите на тој проблем да се сетат кога истиот навистина ќе биде актуелен. И кога проблемите со Кичево, Струга, па и во Охрид ќе се решат на некој поопшт план – таму, впрочем, страдаа десеттици илјади граѓани поради немање струја и пристапни патишта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

случаите се сега застарени, кризата беше во ноември

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нема наведено извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

Постои сугестија да се спроведе полициска истрага

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести