verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензии: Естрадните криминалци гласале за двајца пејачи

on 27 - 11 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

pejaci-098765-098-crop-resize

 

Иако естрадата обично е извор на забавни вести или такви кои нè оддалечуваат од сивото секојдневие, годинешниот „Скопски фестивал“, воедно и база за избор на наш учесник на „Евровизија“, стана предмет на скандал бидејќи во изборот мораше да се вмеша и полицијата и тоа во доста широко поставен состав. Поради сомневање во местење на резултатите преку телефонското гласање, имаше приведувања, истраги и слично.

pejaci-098765-098Линк до оригиналниот напис: Естрадните криминалци гласале за двајца пејачи

Датум и време на објавување: 20.11.2014 – 15:33

Датум на рецензирање: 26.11.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Според неофицијални извори од истрагата, дознаваме дека од сите 2.500 картички се гласало само за двајца пејачи, и тоа еден машки и еден женски изведувач, кои на сцената застанаа кон крајот на фестивалот. Па излегува, дека ниту еден од наградените не направил договор со ’гласачите’ за делење на парите и евентуална победа.“

Оваа вест, практично, ги отстранува сомнежите дека првопласираните се под сомневање, бидејќи посочува дека се работи за пејач и за пејачка кои настапиле на крајот. Ама со оглед дека кај приведените се најдени голем број телефонски картички од кои се гласало, (искористени се сите 2.500 подготвени припејд-картички, што значи еден број – еден глас), па останува сомнежот зошто тие „лажни големини“ не стигнале до врвот и до наградите кои заедно изнесуваат 45.000 евра! Математички не е објаснета формулата според која добивате толку гласови, а не сте меѓу првите тројца?! Ако таква формула постои, таа на читателите на весникот секако мора да се им се објасни, бидејќи, во спротивно, заклучуваме дека сме дел од некаква измама која весникот ја дели со нас! Или – има обвинување, а нема обид тој да се докаже низ споредбен приказ на телефонското гласање.

Да речеме дека тоа е некомплетна вест, која весникот пред нас ја открива како „тајна“, ама ја остава во форма на „маток“.

И тоа, ова не е клучна мана на текстот, туку ненаведувањето на ниту еден извор! Од каде доаѓа ова сознание? Што значи тоа неофицијални податоци од истрагата? Ако се неофицијални, во експликацијата се користат секогаш огради во форма на „наводно“, „се тврди“ и слично, а не се користат дефинитивни заклучоци што асоцираат на сигурност на изворите.

Ова е особено важно ако се користи наслов со обвинение „естрадни криминалци“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

коментаторски е насловот, коментира недокажана ситуација

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести